Свет
Американскиот Конгрес изгласа продолжување на санкциите за Иран
Американскиот конгрес во четвртокот изгласа десетгодишно продолжување на санкциите против Иран, а текстот е испратен на потпис на претседателот Барак Обама, кој се очекува да го потпише, а оваа мерка се толкува како одложување на носењето на потенцијално построги санкции до крајот на следната година.
Мерката е изгласана со 99 гласови „за“ и ниеден „против“, а во ноември речиси едногласно беше изгласана и во Претставничкиот дом. Се очекува дека претседателот Барак Обама ќе ја потпише веднаш штом ќе ја добие, пишува изданието The Hill повикувајќи се на извори во Белата куќа.
Според нив, актуелниот претседател нема намера да го искористи правото да стави вето и ќе ја утврди иницијативата на американските законодавци. Претставниците на Белата куќа за изданието истакнале дека предлог законот нема да го наруши нуклеарниот договор постигнат со Техеран, што е главниот услов да го прифати Обама.
Белата куќа, инаку, не инсистираше на обновувањето на Законот за санкции против Иран (ISA), кој истекува на 31-ви декември.
Документот му овозможува на американскиот претседател да наметне ограничувања против субјекти кои се инволвирани во развојот на балистички проектили во програмата на Иран, поддршката на тероризмот, а исто така и за нарушување на човековите права. Доколку Конгресот не ги продолжеше овие закони, тие ќе истекоа на 31-ви декември годинава.
Како што истана на заседанието на Сенатот во четвртокот членот на комитетот за меѓународни односи, демократот од сојузната држава Њујорк, Роберт Мендез, и по стапувањето на сила на договорот, со цел да се осигури мирнодопскиот карактер на иранската нуклеарна програма, Техеран „продолжил да презема напори со цел да го дестабилизира регионот и да го прошири своето влијание“. „Иран се соочува со важењето на договорот, тој спроведува тестирања на балистичките ракети“, изјави Мендез.
Поборниците на овие мерки сметаат дека тие ќе им овозможат на САД да одговорат на Иран, доколку оваа земја ги прекрши своите обврски од меѓународниот нуклеарен договор, пишува The New York Times. Членовите на Конгресот и службеници од администрацијата сметаат дека продолжувањето на санкциите нема да ги крши условите од договорот потпишан на почетокот меѓу Иран и шесте светски сили, петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција плус Германија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.