Контакт

Свет

Берлин испрати јасна порака до Иран: Откажете се од нуклеарната програма и отворете го Ормускиот теснец

Објавено пред

Германија се приклучи кон американската позиција кон Иран, откако германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул побара Техеран повторно да го отвори Ормутскиот теснец и да ја прекине својата нуклеарна програма, пренесе Ал Џезира.

„Како блиски сојузници на Соединетите Американски Држави, ја делиме истата цел: Иран мора целосно и проверливо да се откаже од нуклеарното оружје и веднаш да го ослободи Ормускиот теснец, како што бара и американскиот државен секретар Марко Рубио“, напиша Вадефул на платформата X.

Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и европските сојузници, откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство од неподготвеноста на дел од европските лидери да се приклучат на американско-израелската линија против Иран.

Минатата недела и германскиот канцелар Фридрих Мерц упати критики за војната со Иран, оценувајќи дека иранското раководство ги „понижува“ САД и посочувајќи на недостаток на јасна стратегија од Вашингтон.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Мелони по расправијата со Трамп: Време е за враќање во нормала

Објавено пред

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека односите меѓу Италија и САД треба да се вратат во нормала по минатонеделната јавна расправија со американскиот претседател Доналд Трамп.

„Немам намера да продолжам да ја разгорувам оваа расправија“, изјави Мелони во интервју.

Во петокот, Мелони го обвини Трамп дека измислил приказна за неа, откако американскиот претседател за италијанска телевизија изјави дека таа го „молела“ да се фотографира со неа на неодамнешниот самит на Г7 во Франција.

Мелони одговори дека „ниту таа, ниту Италија никогаш не молат“ и порача дека билатералната соработка меѓу Италија и САД треба да се врати во нормални рамки.

Таа нагласи дека не очекува негативни последици врз односите меѓу двете земји и оцени дека тие остануваат добри.

Спорот дополнително се заострил откако италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани соопштил дека го откажува планираното патување во САД поради навредливите изјави на Трамп.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Пожар во облакодер во Мадрид

Објавено пред

Пожар избувна во облакодерот Торе Моеве во Мадрид, каде што се наоѓа седиштето на шпанската енергетска компанија Moeve.

Поради густиот чад, зградата беше евакуирана, а вработените и другите присутни беа изведени надвор. Според полицијата, пожарот подоцна бил ставен под контрола и нема повредени.

Сведоци изјавиле дека чадот почнал да се шири уште пред да се вклучи противпожарниот аларм. Причината за пожарот засега не е позната.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски му предложил на Трамп да го донесе Путин на самит во САД

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му предложил на американскиот претседател Доналд Трамп да организира самит во САД на кој би присуствувал и рускиот претседател Владимир Путин.

Според украински извори, Зеленски смета дека на Путин би му било многу потешко да одбие покана од Трамп отколку директна покана од Киев. Наводно, Трамп позитивно ја примил идејата, но американски претставници посочуваат дека таква средба не треба да се очекува во блиска иднина.

Предлогот доаѓа во време кога Украина ги засилува нападите врз руска територија, со цел да изврши притисок врз Кремљ за посериозни мировни преговори.

За време на неодамнешната средба, Зеленски и Трамп разговарале и за противвоздушната одбрана на Украина и можноста за лиценцирано производство на ракети за системот Патриот во Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт24 минути

(Видео) Здодевен меч – Ремизираа Англија и Гана

Англија и Гана одиграа 0:0, во второто коло во Л групата на Светското првенство. Двете репрезентации имаат по четири бода...

Спорт3 часа

Претседателот на Атлетико: Барселона ги лажат сите, презедоа операција што се неспособни да ја реализираат

Атлетико Мадрид повторно се огласи по повод Хулијан Алварез и неговата желба да го напушти клубот. Првиот човек на Атлетико,...

Спорт3 часа

Валанчунас се враќа дома

Центарот на Денвер, Јонас Валанчунас (34), ќе ја продолжи својата кариера таму каде што сè започна, во Литванија. Според порталот...

Спорт3 часа

(Видео) Два гола на Роналдо – Португалија пукна петарда во голот на Узбекистан

Португалија ја забележа првата победа на Светското првенство и обезбеди место во нокаут фазата. Португалците со 5:0 (3:0) го победија...

Македонија4 часа

Невреме се приближува кон Велес

Нестабилното време кое во текот на денот зафати повеќе делови од државата продолжува и во вечерните часови. Според последната информација...

Спорт4 часа

Лина Ѓорческа: Не се оптеретувам, одам меч по меч

За Топспорт од Вимблдон: Ненад Живановски-Столиќ Со успешен настап во првото коло на квалификациониот турнир во Вимблдон, во кој Лина...

Свет4 часа

Мелони по расправијата со Трамп: Време е за враќање во нормала

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека односите меѓу Италија и САД треба да се вратат во нормала по минатонеделната јавна...

Свет5 часа

(Видео) Пожар во облакодер во Мадрид

Пожар избувна во облакодерот Торе Моеве во Мадрид, каде што се наоѓа седиштето на шпанската енергетска компанија Moeve. Поради густиот...

Македонија5 часа

Филков до опозицијата: Во првите две години носиме повеќе од 30 реформски закони со кои ги исправаме долгогодишните слабости во системот

Министерот за правда Игор Филков на амандманската расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, упати порака до...