Свет
Депардје смета дека Трамп за разлика од Буш не е идиот
 
																								
												
												
											Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, за разлика од поранешниот републикански претседател Џорџ В. Буш, не е идиот, смета славниот францускиот актер Жерар Депардје кој предизвикува реакции во јавноста со своите политички оцени.
„За разлика од Џорџ В. Буш, тој (Доналд Трамп) не е идиот, зборува работи кои се поголеми од него“, вели Жерар Депардје во интервјуто за неделникот Journal du Dimanche.
„Никој не знае за што е способен“, истакнува актерот кој смета дека за подемот на Трамп во власта е виновно се поголемото отуѓување на политичарите од обичните гласачи.
„Тоа е добар урок за политичарите коишто веќе подолго време ништо не работат“, вели 67-годишниот француски актер.
„Довербата е изневерана, луѓето сакаат да ја преземат контролата“, појаснува Депардје.
Како и Доналд Трамп, и Жерар Депардје има позитивно мислење за рускиот претседател Владимир Путин, и во 2013 година прими руско државјанство во знак на протест против законот на францускиот социјалистички претседател Франсоа Оланд за зголемување на данокот на богатите во Франција, од каде што најпрво се пресели во соседна Белгија.
Во споменатото интервју Депардје, вели дека не верува оти челничката на француската крајна десница Марин Лепен, може да победи на француските претседателски избори кои ќе се одржат за шест месеци.
„Марин Лепен не претставува закана. Тоа се глупости. Таа е дел од колатералната штета на општеството кое не успева да ги контролира новите средства за комуникација и го минува времето градејќи кули во воздух“, заклучува Депардје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Свет
(Фото) Филмски грабеж во Њујорк: се маскирале како работници и украле 3 милиони долари
 
														Најмалку тројца мажи, од кои двајца биле маскирани како градежни работници, извршиле грабеж во Њујорк и избегале со сеф и накит во вредност од повеќе од 3 милиони долари. Филмскиот грабеж се случил сред бел ден, на 16 октомври, во населбата Јамајка Хилс во Квинс, а полицијата објави детали и снимки од надзорните камери овој вторник, пишува nbcnews.com.
Според соопштението на Полициската управа на Њујорк (NYPD), крадците насилно ја отвориле задната врата од куќата околу 14:20 часот. Откако влегле на локацијата, лицата извадиле сеф и накит, чија вредност се проценува на приближно 3,2 милиони долари. По кражбата, тие избегале со сино Хјундаи Елантра, кое е снимено со камери за надзор.
Истражителите објавија детални описи на тројцата мажи со надеж дека некој ќе ги препознае. Еден од мажите што влегол во домот носел црна маица, црни панталони, црни патики, неонски елек, бела кацига, заштита за очи и бил виден како носи црн ранец.
Другиот носел црна маица, црни панталони, сиви патики, неонска јакна, бела кацига, заштита за очи, црна маска за лице и носел црн ранец, соопшти полицијата.
Третиот осомничен, кој возел, носел бела маица со качулка, црни панталони, сиви патики и црни ракавици.
За среќа, никој не е повреден во грабежот, а потрагата по сторителите е во тек.
Регион
Сирија го призна Косово
 
														Претседателката на Косово, Вјоса Османи, објави дека Сирија ја признала независноста на Република Косово, пренесува Анадолу.
Османи, која е во официјална посета на Ријад, изјави дека со поддршка на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, е постигнат договор со кој Сириската Арапска Република ја признава Република Косово.
Османи му се заблагодари на сирискиот претседател Ахмед ал-Шарија за одлуката за признавање на Косово, како и за неговата поддршка за Косово.
„Народот на Косово и Сирија многу страдаше и жртвуваше за да постигне слобода. Затоа, ова меѓусебно признавање денес не е само признавање на државниот суверенитет, туку и признание на жртвите на многу генерации за слободен живот“, рече Османи.
Таа, исто така, му се заблагодари на саудискиот престолонаследник „што го овозможи овој историски чин меѓу двете земји“. Со признавањето од Сирија, сега 120 земји ширум светот го признаа Косово.
Свет
Боинг ја одложува испораката на авиони, се соочува со казна од 5 милијарди долари
 
														Авиокомпанијата Боинг објави дека производството на долгоочекуваниот авион 777X се одложува до 2027 година, што ќе ја чини дури 5 милијарди долари казни за доцнење на испораките. Причината се сè построгите регулаторни пречки што мора да ги надмине, пишува Би-Би-Си.
Одложувањето доаѓа во време на растечка побарувачка за меѓународни патувања, додека Боинг се обидува да го промовира својот најнов модел како наследник на легендарните 747 и 777. И покрај проблемите со довербата на компанијата по низа инциденти, вклучувајќи го и оној во кој вратата на авионот паднала од лет, Боинг соопшти дека приходите во трите месеци што завршија во септември се зголемиле за 30 проценти на 23,27 милијарди долари во споредба со истиот период минатата година.
Главниот извршен директор Кели Ортберг изјави дека компанијата работи на „враќање на довербата кај сите наши засегнати страни“.
Тој изрази разочарување поради доцнењето на 777X, но додаде дека авионот „се покажал добро на тестирањето во летот“. Тој нагласи дека Боинг работи на „стабилизирање на нашите операции за да можат перформансите на нашата компанија целосно да се опорават“.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											