Свет
Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата
Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои се тврди дека овој вид предизвикува поблаги симптоми, како што се главоболки и замор.
Лекарите од тие области наведуваат и дека омикрон не доведува до хоспитализација или смрт, па експертите почнуваат да го поставуваат прашањето дали овој вид, од кој лекарите првично стравуваа поради големиот број мутации, всушност може да ја спречи пандемијата.
Германскиот епидемиолог, професор Карл Лаутербах, вели дека омикрон всушност може да се покаже како божиќен подарок – под услов неговите последици да се навистина поблага клиничка слика и дека постои шанса да го забрза крајот на пандемијата која трае речиси две години.
Јужноафриканското медицинско здружение тврди дека вирусот предизвикува поблаги симптоми, како што се главоболки и замор, и дека досега не довел до хоспитализација или смрт.
„Големиот број мутации можат да значат дека вирусот ја оптимизирал својата инфективност и може да биде помалку смртоносен. Тоа би било во согласност со начинот на кој се развиваат повеќето респираторни вируси“, вели Лаутербах.
Сепак, според него, треба да се истакне дека просечната возраст на населението во Јужна Африка е значително пониска отколку во Европа, па тоа би можело да биде објаснување за помалиот број хоспитализирани.
„Се согласувам со него, тоа и самиот го кажувам. Ако тоа што ни го кажуваат лекарите од Јужна Африка е точно, тоа е знак дека се воспоставува рамнотежа помеѓу вирусот и човекот. И тоа може да биде крај на пандемијата, под услов, како што наведов, да се инфицираат помлади луѓе со благи симптоми“, вели хрватскиот инфектолог Бруно Баршиќ.
Вирологот Тања Јовановиќ сè уште е внимателна кога зборува за нови мутации на вирусот.
„Во овој момент никој не може да каже дека новиот сој омикрон полесно се шири, ниту, пак, може да даде потешка клиничка слика. Видот пристигна од Јужна Африка, каде што се вакцинирани само 24 отсто од граѓаните. Да не заборавиме дека постои и бета варијанта на коронавирусот, која пристигнала од Африка, а се проширила во неколку земји низ светот и никаде не станала доминантна. Без оглед на новата мутација, мора да продолжиме да носиме маски и да се држиме на дистанца. Луѓето во Србија многу се опуштија и тоа е загрижувачко“, вели Јовановиќ во изјава за регионални медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел
Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.
Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.
Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.
Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.
Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.
Регион
Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција
Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.
Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.
Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.
Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.
Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.
Свет
Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре
Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.
Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.
„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.
Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.