Свет
Eмотивни прегратки, семејствата се обединија по година и пол, Австралија ги ублажи ковид-мерките
По 18 месеци од една од најстрогите гранични политики во врска со коронавирусот, милиони Австралијци сега можат слободно да патуваат без дозвола или потреба од карантин по пристигнувањето во земјата.
Додека патувањето првично беше ограничено на австралиските граѓани, постојаните жители и нивните потесни семејства, сега е започнат план за повторно отворање на земјата за меѓународни туристи и работници, кои се очајно потребни за ревитализација на земјата.
Патниците на првите летови од Сингапур и Лос Анџелес пристигнаа во Сиднеј рано наутро, многумина беа пречекани од расплакани пријатели и роднини кои ги немаа видено со месеци. Патниците беа пречекани и од персоналот на авиокомпанијата, држејќи транспаренти и им подаруваа австралиски диви цвеќиња и чоколадни колачиња.
Во еден од најтешките одговори во светот на пандемијата на коронавирусот, Австралија ја затвори својата меѓународна граница пред 18 месеци, забранувајќи им на странските туристи и на граѓаните да излегуваат или да доаѓаат, освен ако не им се даде исклучителна дозвола за тоа.
Строгите правила за патување практично им забранија на многу Австралијци да присуствуваат на важни настани, вклучувајќи свадби и погреби, и ги спречија да се видат со семејството и пријателите.
Податоците на МНР покажуваат дека околу 47.000 луѓе во странство сакаат да се вратат дома.
Правилата за патување се олабавуваат во државите Викторија и Нов Јужен Велс бидејќи голем дел од Австралија се движи од стратегија за управување со пандемијата кон живеење со вирусот преку обемна вакцинација.
Додека Сиднеј и Мелбурн се во изолација со месеци поради епидемијата на делта-сојот, бројот на инфекции со ковид во Австралија е сè уште далеку помал од многу други земји.
Промената на правилата за патување, сепак, не се унифицирани за целата земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

