Европа
Велика Британија и Франција со здружени сили против мигрантите

Велика Британија и Франција потпишаа договор за спречување на минување на мигранти преку Ла Манш. Двете земји се согласија да го зголемат бројот на полициски патроли на маршрутата што ја презедоа повеќе од 8.000 луѓе оваа година.
Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател и нејзиниот колега од Франција, Жерар Дарманин, потпишаа договор за спречување на мигрантските рути преку Ла Манш, пренесува Гардијан. Пател и Дарманин се согласија дека бројот на припадници на француската полиција кои се дел од Ла Манш ќе биде двојно зголемен, но сè уште не е објавено колку британски полицајци ќе бидат ангажирани во запирање на минувањето на мигрантите.
Исто така, е договорено да се подобри технологијата за надзор, како што се беспилотни летала, радари, камери и слично. Договорот предвидува и мерки за поддршка на сместување на мигранти во Франција и мерки за зголемување на безбедноста на границата на пристаништата на северот и западот на земјата.
Бројот на мигранти кои го преминаа Ла Манш оваа година и стигнаа до Велика Британија надмина 8.000, што е значително повеќе од минатата година, кога бројот беше 1.835. Според неодамнешниот извештај, скоро 300 лица ги загубија животите при обид да го преминат Ла Манш од 1999 година. На новиот договор се спротивставија хуманитарни организации и активисти. Тие тврдат дека поради ваквите одговори на надлежните, мигрантите ќе прибегнат кон уште поопасни рути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ердоган: Америка направи сериозна грешка што нѐ исфрли од програмата за борбени авиони

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги критикуваше СAД за исфрлањето на неговата земја од програмата за борбени авиони Ф-35.
Исфрлањето се случи откако Анкара го купи рускиот систем за противракетна одбрана С-400.
Ердоган изрази надеж дека, кога станува збор за улогата на Турција во програмата Ф-35, ќе бидат преземени позитивни чекори кога новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе ја преземе функцијата.
Тој истакна дека Турција платила сериозна сума пари за авионите Ф-35.
„Ова е многу сериозна грешка што Америка, како сојузничка држава, ја направи кон нас“, рече Ердоган.
Тој додаде дека ниту една земја не може да одлучува за чекорите што ќе ги преземе Турција во врска со одбранбената индустрија.
Европа
ЕК: Имаме доволно дози на вакцини, не ја разгледуваме кинеската

Во врска со најавата дека Унгарија, поради бавната испорака на европски вакцини, размислува за увоз на лесно достапни кинески вакцини, Брисел вели дека нема потреба за билатерална набавка на дополнителни вакцини и дека не се преговара со Кина на ниво на ЕУ.
„ЕУ обезбеди 2,3 милијарди дози потенцијални вакцини, а само од компаниите ‘Фајзер’ и ‘Модерна’ нарачавме вакцини за 80 проценти од населението во ЕУ, и тие веќе се користат“, изјави портпаролот на Европската комисија, Дана Спинат.
Европската комисија наведува дека само од компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ се нарачани 760 милиони дози (600 милиони и 160 милиони) и дека наскоро ќе пристигнат и други вакцини.
„Затоа, нема потреба од какви било билатерални договори за дополнителни дози над оние што ги договори ЕК за потребите на сите земји членки“, рече Комисијата.
Европа
Падна холандската влада поради скандалот со социјалната помош

Целата холандска влада поднесе оставка по избувнувањето на скандалот со социјална помош, објави новинската агенција ДПА.
#BREAKING The Dutch government has resigned following a scandal involving child benefits, media in The Hague report pic.twitter.com/Dx7A07lcMY
— dpa news agency (@dpa_intl) January 15, 2021
Скандалот изби кога се откри дека даночните обврзници лажно обвиниле илјадници родители за измама, ставајќи во долгови многу семејства затоа што им наредиле да ја вратат државната помош што ја добиле за своите деца.
Лидерот на опозициските лабуристи Лодевик Ашер, поранешен министер за социјална помош во претходната влада, поднесе оставка во четвртокот, тврдејќи дека не знаел дека даночните власти по грешка прогонувале илјадници семејства, но призна дека лошиот систем од владата создал непријател на народот.
- Книги4 недели
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира