Контакт

Европа

Венеција ќе го блокира влезот во градот ако дојдат премногу туристи за празниците

Објавено пред

Италијанскиот град Венеција постави привремени порти на два моста кои се наоѓаат на влезот на градот, со цел да го спречи преголемиот прилив на туристи.

Ваквите мерки ќе стапат на сила за време на четирите празнични денови, заклучно со вторик кога во светот се слави Празникот на трудот 1 Мај. Градската полиција денеска го следи доаѓањето на туристите и проценките се дека сè уште нема потреба да се затворат портите на градот.

Во венеција има далеку поголем број на туристи, од жители. Тесните улици за време на празниците се речиси непроодни.

Европа

Рим, Венеција, Фиренца, Торино и Милано останаа без 34 милиони туристи

Објавено пред

Рим, Венеција, Фиренца, Торино и Милано, кои заедно сочинуваат повеќе од една третина од италијанскиот туризам, годинава ќе загубат речиси 34 милиони туристи од странство поради пандемијата на Ковид-19.

Проценето е дека ова ќе предизвика загуба од 7 милијарди евра, од кои 4,9 милијарди евра се однесуваат на секторите за сместување, угостителство и деловно-услужни услуги, тврдат од здружението „Конфесерценти“.

Во Венеција, која е меѓу најатрактивните дестинации во светот, се очекува загуба од 13,2 милиони посетители, односно 3 милијарди евра загуба. Следува Рим, кој се проценува дека ќе остане без десет милиони странски туристи оваа година, како и без 2,3 милијарди евра, а потоа и Фиренца, која ќе биде без пет милиони посетители од странство и загуба од 1,2 милијарда евра.

Како што се наведува, Милано ќе изгуби четири милиони туристи и потрошувачка од речиси 900 милиони евра, а Торино ќе се соочи со пад на бројот на посетителите за повеќе од 800 илјади, како и 186 милиони евра туристички трошоци помалку.

Градовите на културата и уметноста во Италија, кои се многу зависни од меѓународниот туризам, во најголем дел се без посетители поради пандемијата и рестриктивните мерки, а домашните туристи за одмор избираат помали крајбрежни градови, села и планини.

Прикажи повеќе...

Европа

На аеродром во Германија запрена патничка со коските на нејзиниот сопруг во куфер

Објавено пред

На аеродромот во Минхен била запрена Ерменка (74) која во куферот носела човечки коски, објавија германските сојузни власти.

Службениците ги откриле остатоците во дрвена кутија и ги повикале царинската служба, лекар и државниот обвинител да го преземат необичниот случај.

Жената имала намера со својата 52-годишна ќерка да ги пренесе коските од Грција преку Минхен и Киев во Ерменија за да ги закопа таму.

Документите покажуваат дека човекот починал во 2008 година и бил закопан во местото на живеење во близина на Солун.

Федералната полиција утврдила дека носењето на тие коски не е нелегално и жената го продолжила патот.

Прикажи повеќе...

Европа

Рекорден број новозаразени во Украина

Објавено пред

Во Украина во последните 24 часа се регистрирани рекордни 1.271 нов случај на коронавирус, објави Државниот совет за безбедност.

Бројот на новозаразени лица нагло се зголеми во последните два месеца по постепеното укинување на ограничувањата на крајот на мај, пренесува „Ројтерс“.

Од почетокот на пандемијата се заразени 75.490 луѓе, починале 1.788 луѓе, а закрепнале 41.527 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија41 минута

Министерство за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет2 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет3 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија3 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет4 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија4 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет4 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија15 часа

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет16 часа

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија20 часа

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Топ21 час

Уапсена скопјанка, членка на ИСИС

Полицијата уапси 38-годишна скопјанка која патувала во Сирија и учествувала во активности на ИСИС. Според информациите на МВР, Секторот за борба...

Македонија21 час

Мицкоски: Ќе се фокусираме на предлози што значат борба против криминалот и корупцијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе биде фокусирана да состави парламентарно мнозинство и да ја состави...

Македонија22 часа

Пронајдено телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче што се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека...

Македонија22 часа

Заев: За 10 до 15 дена ќе има исход од преговорите за влада, сите опции се отворени

Претседателот на СДСМ и пратеник во Собранието, Зоран Заев, посочи дека во деновите што следуваат ќе се разговара со сите...

Македонија22 часа

Петмина починати и 75 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на...

Македонија23 часа

Собранието им ги верификува мандатите на сите 120 пратеници

Со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан ниту, пак, против, верифицирани им се мандатите на сите 120 пратеници, со...

Македонија23 часа

42-годишен маж спасен на Клиниката за кардиологија со стентирање на трауматска трансекција на торакалната аорта

Маж на возраст од 42 години е спасен од сигурна смрт кога на Клиниката за кардиологија му било извршено стентирање...

Македонија23 часа

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени...

Досие