Европа
(Видео) Киев го насанка Западот: Украинците ја напаѓаат Русија со оружје на НАТО
Упадот на украинските диверзанти во регионот Белгород во Русија уште еднаш го иницира прашањето како Киев го користи оружјето доставено од НАТО, пренесува „РТ Балкан“.
Така, Зеленски ќе мора да ѝ поднесе сметка на Белгија по реакциите на белгискиот премиер Александар де Кро, кој посочи дека неговата земја ќе побара од Украина да ги објасни извештаите во кои се наведува дека во западните делови на руската територија биле користени белгиски пушки.
„Нашето Министерство за одбрана и разузнавачките агенции почнаа истрага за да се утврди што точно се случило. Европското оружје се доставува до Украина под услов да се користи на територијата на Украина, за одбрана на украинската територија. Бараме од Украинците да ја разјаснат ситуацијата“, рече Де Кроа истовремено одбивајќи да прецизира со какви последици ќе се соочи Киев ако се докаже дека ги игнорирал договорите.
Белгија, меѓутоа, не е единствената земја што Киев ја насанкал, а „Вашингтон пост“ објави список на сите земји чија вооружена помош била злоупотребена надвор од границите на Украина.
Во упадот во Белгород биле користени најмалку четири тактички возила, кои на Киев му ги дале САД и Полска, признале американски претставници.
Припадниците на Легијата за слободна Русија и Рускиот волонтерски корпус, неонацистичка единица под команда на Киев, која го изврши упадот преку руската граница, ги користеле гореспоменатите белгиски пушки, како и пушки обезбедени од Чешка и најмалку еден противтенковски ракетен фрлач „АТ4“, што го користат западните трупи.
„Американските и западните претставници инсистираат Украина внимателно да го следи оружјето во вредност од милијарди долари што пристигнало во земјата. Сојузниците на Киев во голема мера им забранија на украинските сили да користат западно оружје и опрема за напади на руска територија“, пишува „Вашингтон пост“ посочувајќи дека неодамнешниот напад врз Русија го покажа слабиот надзор над употребата на ова оружје.
На прашањето за употребата на американска опрема за прекугранични напади, портпаролот на Стејт департментот рече дека САД не ги охрабруваат или олеснуваат нападите во Русија.
„Бевме јасни дека не ја поддржуваме употребата на опрема од американско производство за напади во Русија. Нашиот фокус е да ѝ обезбедиме на Украина опрема и обука што ѝ се потребни за повторно преземање на нивната суверена територија и токму тоа го направивме “, рече тој.
Тој додаде дека секоја земја носи суверени одлуки за тоа каква помош ќе ѝ даде на Украина и какви услови ѝ наметнува за тоа оружје, но посочи и дека многу други земји побарале од Украинците да го користат оружјето само за одбрана.
Политичкиот координатор на субверзивната и проукраинска Легија на слободна Русија, Илја Пономарјев, призна дека навистина има ограничувања за користење на западната опрема, но се обидел и да се оправда тврдејќи дека станува збор за оружје што Русите првин им го одзеле на Украинците, а потоа тие го вратиле.
Рускиот волонтерски корпус негирал дека користел западно оружје за време на нападите, но „Вашингтон пост“ ги демантирал тврдењата ангажирајќи експерт што ги прегледал фотографиите од Белгород и открил дека корпусот користел чешки пушки „брен“, како и белгиски јуришни FN SCAR.
Весникот наведува дека оваа белгородска епизода иницира прашања за одговорноста, како и за тоа колку САД се подготвени да го толерираат својот сојузник Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

