Европа
(Видео) Најмалку седум загинати во поплавите во Турција: продолжуваат операциите за пребарување и спасување

Најмалку седум лица загинаа во силните поројни поплави предизвикани од обилните дождови во северозападниот дел на Турција, јави денеска турската државна агенција Анадолија.
Две лица загинаа, а 31 се повредени во северните квартови на Истанбул, Башакшехир и Кучукчекмеџе, каде што поплавите ги преместуваа автомобилите по улиците, јавува Ројтерс.
Пет лица загинаа, а едно лице се води како исчезнато во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија и Грција, откако неколку куќи беа поплавени, јавуваат локалните медиуми.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат и вети финансиска поддршка за семејствата во подрачјата погодени од поплавите.
Околу 125 литри дожд на квадратен метар го погодија Истанбул за помалку од шест часа, што е еднакво на она што вообичаено паѓа во Истанбул во септември, според Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Огромна експлозија во Севастопол, Русија: погодено седиштето на Црноморската флота

Денеска, се случи силна експлозија во Севастопол. Не станува збор само за најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој беше присоединет од Русите во 2014 година, туку и клучно пристаниште, каде што е сместена руската Црноморска флота.
Севастопол од неодамна често е цел на украински воени беспилотни летала и крстосувачки ракети. Според фотографиите и видеата што денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде што често се наоѓаат руски воени бродови.
/2. Video from Sevastopol. According to the locals on the video there were missiles flying right over them before the explosion. pic.twitter.com/8MahbiIBd3
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) September 22, 2023
Неофицијалните канали на „Твитер“, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, а локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.
💥 Video of the hit pic.twitter.com/slk02aVyPq
— Ukrainska Pravda in English (@pravda_eng) September 22, 2023
Русите потврдија: Погодено е седиштето на Црноморската флота
Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, изјави локалниот проруски гувернер, Михаил Развозаев.
Европа
Крвава пресметка меѓу банди во Шведска: Убиецот влегол во ресторан и почнал да пука, најмалку двајца загинати

Две лица загинаа, а две се повредени во пукање во паб во градот Сандвикен, на истокот на Шведска.
Полицијата верува дека само едно лице било цел и дека пукањето е поврзано со банда.
Истрагата е во тек, а засега никој не е уапсен, пренесуваат медиумите во регионот.
Осомничениот дошол во ресторанот со автомобил, влегол и почнал да пука.
Според полицијата, загинале двајца мажи на возраст од 20 и 70 години, а повредени се една жена на 20-годишна возраст и еден маж на возраст од приближно 45 години.
Шведска во последните години беше погодена од бран престрелки, кои се засилија во последните месеци.
Европа
Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат.
„Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе се зголемат“, тврди тој.
Песков рече дека Владимир Путин набргу ќе разговара со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, но не прецизира конкретен датум, пишува „Гардијан’.
Тој додаде дека ставот на Русија за Црноморскиот договор за жито не е променет и дека Москва ќе се врати на договорот кога западните земји ќе ги исполнат своите ветувања.
Песков сугерира дека Русија ќе ги тужи странските влади доколку им наметнат некаков неочекуван данок на руските компании или ако ги замрзнат руските средства.