Европа
(Видео) Објавени снимки од противникот на Орбан: „Лажни се, ѝ платиле на мојата поранешна“
Унгарските медиуми објавија видео на кое лидерот на опозицијата Петер Маџар ги навредува своите приврзаници. Маѓар и неговата опозициска партија Тиса тврдат дека снимката е незаконски добиена и манипулирана.
На објавената снимка се слуша како Петер Маѓар и неговата поранешна партнерка Евелин Вогел разговараат за време на еден од протестите. Во видеото Маѓар се жали дека луѓето лошо мирисаат и се шегува дека луѓето чии внуци заминале во странство, едноставно, можеле да си купат нови.
#magyarhang #kérdés 👉 https://t.co/fBJV9qy6QT
Kérdés, a nemzetbiztonsági bizottságnak van-e dolga Magyar Péter állításaival. Egyelőre az Országgyűlés nemzetbiztonsági bizottságának elnöke is vizsgálódik és tájékozódik, hogy van-e dolga az általa vezetett testületnek Magyar Péter… pic.twitter.com/DVdpxOAtzt— Magyar Hang 🇭🇺 (@MagyarHang) November 12, 2024
Маѓар подоцна изјави дека снимката е манипулирана и дека на неа има реченица што не ја кажал, но не објасни за која станува збор.
Претседателот на партијата Тиса тврди дека неговата поранешна партнерка Евелин Вогел снимила 11 часа разговори со него и барала 30 милиони форинти (околу 73.000 евра) за да не ги користи снимките против него.
На снимката се слуша разговор меѓу Маѓар и Вогел на протест во Будимпешта. Маѓар со вулгарен речник се жали дека се потел за време на протестот на 40 степени. „Што по ѓаволите правам овде“, рече тој.
Маѓар рече и дека народот лошо мириса, а уште полошо им мириса устата. Маѓар на шега ѝ рекол на својата партнерка дека таа е единствената што не го цени.
BREAKING:#Hungarian Opposition leader Peter Magyar releases voice recording of ex-girlfriend Evelin Vogel threatanig his party.
Evelin said she has 11 hours of footage that could ruin his reputation.
Peter says he’s not afraid, and will take Evelin to court. #Hungary 1/2 pic.twitter.com/7hs78aRwDK
— Atlantic Patriot 🇪🇺🇨🇦 (@Noirsoldat_) November 11, 2024
Маѓар спомнува и извесен Марк за кого вели дека пишува глупости наместо да дојде. Не е јасно за кој Марк се работи, но заменик-претседателот на партијата се вика Марк Раднаи.
Маѓар излезе со соопштение во кое напиша дека веќе неколку дена знаел дека „ќе се обидат да го дискредитираат“ него и партијата со незаконски добиени и манипулирани снимки. Тој вели дека тоа се случува затоа што првпат опозициската партија има реални шанси да ја смени владата на Орбан. Тој ѝ се извини на унгарската јавност „бидејќи мора да ја слушаат оваа манипулирана гадост“.
„Снимката е очигледно монтирана и манипулирана. Јас секако не кажав ниту една реченица“, рече Маѓар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

