Контакт

Европа

(Видео) Украинците со дрон погодиле резервоар за гориво во руска фабрика

Објавено пред

Украински дрон денеска погоди резервоар за гориво во една од најголемите руски капацитети за преработка на железна руда иако нема повредени, а фабриката работи нормално, соопштија руските власти и сопственикот на фабриката.

dobivaj vesti na viber

Непроверените видеа на руските канали на „Телеграм“ покажуваат облаци од црн чад што се издигнуваат на небото во регионот Курск, како и оштетувања во фабриката за железна руда „Михајловски ГОК“ во сопственост на „Металоинвест“, најголемиот руски производител на железна руда.

„Денеска, како резултат на напад со беспилотни летала во областа Железногорск, се запали резервоар за гориво во складиштето за гориво на рударско-преработувачката постројка ‘Михајловски’“, објави агенцијата ТАСС. ТАСС наведува дека фабриката работи нормално.

„Нема повредени, во моментот се преземаат неопходните мерки за гаснење на пожарот“, се вели во соопштението.

Гувернерот на Курск, Роман Старовојт, го обвини Киев за нападот на областа Железногорск во областа Курск, која е позната по рудниците за железо и се наоѓа на 90-ина километри од украинската граница. Тој подоцна рече дека постои ризик од ракетни напади врз областа.

Европа

Москва: Дозволувањето украински напади врз Русија со западно оружје е опасна ескалација

Објавено пред

Кремљ ги оцени како опасна ескалација изјавите на некои западни земји на неделниот самит на НАТО дека ќе му дозволат на Киев да го употреби нивното оружје за напад на руска територија.

dobivaj vesti na viber

Во четвртокот, шефот на канцеларијата на украинскиот претседател, Андриј Јермак, повика на укинување на ограничувањата за употреба на оружјето на западните сојузници против цели длабоко на руска територија. Ова, како што рече Јермак, ќе го промени односот на силите во војната против Русија.

„Слушнавме изјави од претставници на некои главни градови, како Лондон и други, кои не се грижат за какви било ограничувања по ова прашање, а гледаме и земји што се обидуваат да одржат рамнотежа и кои велат дека се против олеснување на условите за употребата на ракети со долг дострел“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.

Тој додаде дека Москва верува дека ова оружје веќе се користи за напади на руска територија.

„На крајот, проектили веќе ја погодуваат нашата територија, а што се однесува до зголемувањето на дострелот, ова е чиста провокација, нова, многу опасна ескалација на тензијата“, рече Песков.

По притисокот од Украина и некои од нејзините европски сојузници, Соединетите Американски Држави се согласија на крајот на мај да ја сменат својата политика и да му дозволат на Киев да користи западно оружје за да напаѓа цели на руска територија како дел од својата одбрана од руската инвазија, но не длабоко на руска територија.

Јермак тогаш ја нарече клучна одлука, која ќе влијае на водење на војната, планирање контраофанзивни дејства и ќе ја ослаби способноста на Русите да ги користат своите сили во пограничните области.

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Не планиравме атентат врз германски производител на оружје, тоа се лажни вести

Објавено пред

Германското МВР денеска не ги коментира медиумските написи за можниот атентат на директорот на воениот концерн „Рајнметал“ зад кој наводно стои Русија, но укажа на влошувањето на безбедносната состојба наведувајќи дека „многу сериозно ги сфаќа безбедносните закани“.

dobivaj vesti na viber

„Не коментираме одделни случаи на безбедносни закани, но едно е сигурно: ги сфаќаме овие закани предизвикани од руската агресија многу сериозно“, рече министерката за внатрешни работи, Ненси Фезер.

Американскиот Си-ен-ен и германскиот весник „Зидојче цајтунг“ претходно објавија дека американските тајни служби ги информирале своите колеги во Германија дека Кремљ подготвува атентат врз директорот на германскиот воен концерн „Рајнметал“, Армин Папергер. По тоа, за 61-годишниот бизнисмен се зголемени безбедносните мерки.

Папегер уште во мај рече дека „има луѓе на кои не им се допаѓа она што го работи“ и дека германската влада е загрижена за неговата безбедност „за што тој е благодарен“.

Прикажи повеќе...

Европа

Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници

Објавено пред

Венеција сака да продолжи да наплаќа такса за туристите на еднодневно патување откога на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува денеска германската агенција дпа.

dobivaj vesti na viber

Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра при специјалната посета на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави Микеле Зуин, градскиот советник задолжен за финансии, за локалниот весник.

Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиона евра. Во некои денови евидентирани се и над 25.000 туристи што платиле такса.

Во напис за весникот „Ил Газетино“, Зуин рече дека од 2025 година натаму основната цена ќе важи за еднодневните посетители во дел од годината. Сепак, за време на критичните денови туристите ќе треба да платат максимална такса од 10 евра.

Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Првин ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 8.30 до 16 часот, се наплаќаше такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку интернет, кој служеше како доказ за плаќање.

Се проценува дека околу 15 милиони туристи пристигнуваат во Венеција секоја година, што го прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Бајден: Се молам за Трамп и неговото семејство

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „благодарен“ што неговиот ривал Доналд Трамп е безбеден по пукањето на митинг во...

Свет4 часа

(Видео) Пукање на митингот на Трамп, поранешниот претседател изнесен раскрвавен, двајца мртви

На митингот на Доналд Трамп во Пенсилванија одекнаа истрели, објави Си-ен-ен. Поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат во ноември...

Македонија9 часа

За само 12 дена во Македонија имало 173 поголеми пожари на отворено

За само за 12 дена, од почетокот на месец јули имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери....

Топ11 часа

40-годишникот им дал да пијат лекови во комбинација со алкохол – детали за случајот со децата кои завршија на Токсикологија

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против 40-годишниот Д.Ѓ. во чијашто куќа беа најдени четворицата малолетници, од кои две...

Македонија19 часа

Стабилна е состојбата на тинејџерите кои беа најдени без свест во куќа во Скопје, користеле психотропни супстанци

Стабилна е состојбата на четворицата малолетници кои беа најдени без свет и со повреди по телото во куќа во Скопје....

Култура19 часа

Со спектакуларен настап на светски познатиот виолинист, Џулијан Рахлин, и Македонската филхармонија отворен е фестивалот „Охридско лето“

Литванскиот виолинист со светско реноме Џулијан Рахлин и Македонската филхармонија вчеравечер на Античкиот театар приредија незаборавна вечер за публиката на...

Македонија20 часа

Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција: „Застана со автомобилот и ми пружи прва помош“

„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна...

Македонија20 часа

(Видео) Со „ер тракторите“ ќе се гаснат пожарите кај Серта и бугарската граница, цела ноќ пожарникарите се бореа со огнот кај Неготино

Три ер трактори ќе полетаат во 10.00 кон пожарот на Серта а околу 15.00 ќе се упатат кон пожарот на...

Македонија22 часа

Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија, Таравари најавува одговорност ако е вистина

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија. Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека...

Македонија2 дена

Не бил киднапиран, ниту се самозапалил: полицијата го расчисти случајот со наводно киднапирање и самозапалување на момче од Скопје

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан за кој на 04.07.2024 околу 00.30 часот беше пријавено дека во индустриска зона...

Топ2 дена

(Видео) Тешка несреќа кај Хиподром

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на излезот од Скопје, кај Хиподром. Автомобилот е речиси смачкан и се наоѓа покрај...

Македонија2 дена

Само три жени во Владата на Мицкоски значат итна потреба од субвенции за повеќе сервиси за чистење, готвење и пеглање

Владата на Христијан Мицкоски, со само три министерки, ја врати земјата децении наназад во напорите за родово изедначување. Активистите за...

Македонија2 дена

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Укинување на балансерот најави министерот за јавна администрација, Горан Минчев, соопштувајќи дека оваа дигитална алатка во минатото била предмет на...

Македонија2 дена

Марија Срцева ќе раководи со ТОАРИЛУЦ, Берат Лена со Нефрологија во Струга, именувани нови медицински директори

Министерството за здравство информира дека министерот, д-р Арбен Таравари, денеска именува нови в.д. медицински директори на неколку јавни здравствени установи...

Македонија2 дена

(Видео) Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Денеска, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Единица за корупција, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична...

Македонија2 дена

Мицотакис ги информирал колегите од НАТО дека Мицкоски дома не употребува Северна, во Вашингтон бил примерен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на прес-конференција за грчките медиуми на самитот на НАТО во Вашингтон рече дека премиерот...

Македонија2 дена

(Видео) Лажна кампања на платформи за тргување со криптовалути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови

Секторот за компјутерски криминал алармира за зачестена појава, каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку своите приватни имејл-адреси...

Македонија2 дена

Таравари: На пет најдобри студенти од медицинските факултети, веднаш по дипломирањето, ќе им биде понудено вработување во државните болници

На пет најдобри студенти од медицинските факултети во Скопје, Тетово и од Штип, веднаш по дипломирањето, ќе им биде понудено...

Македонија2 дена

Средба Муцунски – Сијарто: Унгарија како претседавач со ЕУ ќе направи напори за забрзување на процесот на проширување на Унијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со унгарскиот колега, Петер Сијарто, во рамки на НАТО...

Македонија2 дена

ДУИ: Го поддржуваме зголемувањето на минималната плата на 450 евра

Демократската унија за интеграција во целиот период додека управуваше со државата докажа дека го поддржува зголемувањето на платите на работниците,...