Регион
Во Србија 3.339 нови случаи на коронавирус, 16 лица починаа

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 3.339 нови случаи на коронавирус, а 16 лица починале.
Тестирани се 14.128 лица. Во болница има 3.876 пациенти, од кои 159 се на апарати за дишење.
Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени 453.240 случаи на коронавирус, а починале 4.414 лица.
Стапката на смртност е 0,97 проценти. Досега се тестирани 2.917.578 лица, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Полуостровот Атос во Грција рано утрово погоден од четири земјотреси

Полуостровот Атос во Грција рано утрово беше погоден од четири земјотреси, од кои најсилниот беше 5,0 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од пет километри, околу 10 километри јужно од манастирот Хиландар.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.
Не е издадено предупредување за цунами.
Според изјавите на очевидци од веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силно почувствуван во Неа Рода, на островот Амуљани и во Сарти.
Фото: принтскрин
Регион
(Видео) Вучиќ ги критикуваше српските министри: „Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во Владата, срамота е“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се кон премиерот Ѓуро Мацут, изјави дека не е задоволен од ангажманот на министрите во Владата на Србија.
„Ѓуро, не сум задоволен од ангажманот на луѓето во владата и тоа ќе ти го кажам во лице. Не морам да ти кажам дека знам колку време луѓето поминуваат во владата. Срамота е. Тоа е сè што имам да ти кажам“, рече Вучиќ на седницата на Советот за соработка на Србија и Република Српска во проширен состав, во Палатата на Србија, во Белград.
Тој ги замоли министрите да се ангажираат повеќе и да работат понапорно, наведувајќи дека во просек 1,2 министри се на терен секој ден, а не 16.
„Потребна е многу поголема ангажираност, многу поголем напор и работа. Не живејте за да помине уште еден ден, туку за да се направи нешто големо“, рече Вучиќ.
Ko da mu je vladu šio Đuro, a ne on sam… pic.twitter.com/h8ixFb8E4t
— Џyлc (@doprinositelj) September 20, 2025
Регион
Црногорските инспектори напишале две илјади казни вредни 1,2 милиони евра во текот на туристичката сезона

За време на летната сезона, туристичките инспектори во Црна Гора извршиле над 2.000 инспекциски надзори во приморските градови, при што биле откриени повеќе од 1.500 неправилности, соопшти Министерството за туризам.
Најмногу контроли биле спроведени во Улцињ, Бар, Будва, Котор, Тиват и Херцег Нови, каде што биле ангажирани 24 инспектори. Како резултат на надзорите, изречени се речиси 2.000 прекршочни налози во вкупна вредност над 1,2 милиони евра, а за неколку објекти е донесена и мерка забрана за работа, вклучително и привремено затворање со службен печат.
Според Министерството, најчестите прекршувања се однесувале на неисполнување на минимални технички услови во угостителски објекти, неиздавање фискални сметки, неправилности кај туристички агенции и капалишта, како и рекламирање спротивно на законската регулатива. Забележани се и прекршувања поврзани со користење тутунски производи во затворени простории, иако тоа е забрането со закон.
Од ресорното министерство истакнуваат дека овие активности се дел од напорите за подигнување на квалитетот на туристичките услуги и заштита на правата на туристите.
„Инспекцискиот надзор ќе продолжи, со цел да се обезбеди безбеден, уреден и пријатен престој за сите посетители на Црна Гора“, стои во соопштението.