Европа
Во Украина рекорден број новозаразени, во еден ден 1.197 случаи
Украина денеска објави рекорден дневен број од 1.197 новозаразени лица од коронавирус.
Бројот на заразени нагло се зголеми во последните два месеца по постепеното олеснување на мерките што почнаа кон крајот на мај.
Министерот за здравство, Максим Степанов, изјави дека изминатиот ден 284 лица биле хоспитализирани, што исто така претставува рекордна бројка.
„Можеме да ги наметнеме сите ограничувања, можеме да зборуваме за правила и да ги воспоставиме, но ништо од тоа ќе нема смисла доколку не се почитуваат“, рече Степанов на брифингот што го пренесуваа повеќе телевизии.
Вкупниот број заразени во земјата се искачи на 68.794, бројка во која се вклучени и 1.673 смртни случаи и 38.154 оздравени, заклучно со 30 јули.
Украинската влада неделава мерките ги продолжи до 31 август барајќи луѓето да носат маски и да одржуваат физичко растојание во рестораните и јавните места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пред заминувањето, Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца американски претставници, додека претседателот во заминување се обидува да ја зајакне владата во Киев пред да ја напушти функцијата во јануари.
Според официјален претставник запознаен со планот, администрацијата на Бајден планира да обезбеди различни противтенковски системи од американските резерви за да го запре напредувањето на руските трупи, вклучувајќи мини, беспилотни летала, ракети Стингер и муниција за ракетниот систем HIMARS, објави Ројтерс.
Пакетот, исто така, се очекува да вклучува касетна муниција што вообичаено се наоѓа во ракетите со водени состави за повеќекратно лансирање (GMLRS) кои ги испалуваат HIMARS лансерите, се вели во известувањето што го видел Ројтерс.
Официјалното известување за пакетот оружје до Конгресот би можело да дојде уште во понеделник, рече еден официјален претставник. Содржината и големината на пакетот би можеле да се променат во наредните денови пред очекуваниот потпис на Бајден.
Европа
Покојниот египетски милијардер обвинет за силување, во Британија ги истражуваат помагачите
Британската полиција соопшти дека започнала истрага за тоа дали луѓето поврзани со починатиот египетски милијардер Мохамед ал-Фајед помогнале во наводното силување и сексуален напад на женски персонал во неговата стоковна куќа „Хародс“ во Лондон.
Документарен филм на Би-Би-Си во септември објави дека Ал-Фајед, кој почина минатата година на 94-годишна возраст, сексуално ги злоставувал женските вработени, ги принудувал на медицински прегледи и им се заканувал со последици доколку се обидат да се спротивстават.
Ал-Фајед ги негираше сличните обвинувања пред неговата смрт.
„Оваа истрага има за цел да им даде глас на преживеаните, и покрај фактот дека Мохамед ал-Фајед повеќе не е жив за да се соочи со кривично гонење.
Меѓутоа, сега ги истражуваме сите лица осомничени за вмешаност во неговите злосторства и се залагаме за барање на правдата“, рече командантот Стивен Клејман од лондонската Метрополитен полиција во соопштението во средата.
Тој не кажа колку лица се под истрага.
Адвокатите кои ги застапуваат жртвите рекоа дека злоупотребата се случила не само во Хародс, туку и на други локации поврзани со деловната империја на Ал-Фајед, како фудбалскиот клуб Фулам, хотелот Риц Париз и неговиот имот во Сари, истакнувајќи дека повеќе од 400 луѓе се јавиле .
Според документарецот на Би-би-си, Хародс не интервенирал, туку помогнал да се прикријат наводите за злоупотреба додека Ал-Фајед бил сопственик.
Европа
Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја
Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи дека станува збор за напад со руски крстаречки проектил.
„Енергетската инфраструктура повторно е цел на масовен непријателски напад“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.
Thursday morning in Kyiv – our Thanksgiving Day – we awoke to air raid sirens and from the bunker we see the whole country is red from the threat of missiles from Russia as Ukraine’s energy infrastructure is currently under attack. pic.twitter.com/zKaNUdKPqS
— Ambassador Bridget A. Brink (@USAmbKyiv) November 28, 2024
„Непријателот продолжува да го напаѓа Харков со проектили“, напиша градоначалникот Ихор Терехов на апликацијата за пораки Телеграм.
Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер ги повика жителите да останат во засолништа.