Контакт

Европа

Германија одлучи да прифати 1.500 бегалци по пожарот во кампот „Морија“ на Лезбос

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер, објавија дека планираат да прифатат речиси 1.500 бегалци од грчките острови, објавија германските медиуми.

Станува збор за повеќе семејства со деца.

Повеќе од 12.000 луѓе, претежно бегалци од Авганистан, Африка и од Сирија, останаа без покрив над главата и без пристап до храна и вода кога минатата среда избувна пожар во преполниот бегалски камп на грчкиот остров Лезбос, објави „Ројтерс“.

Европа

Мишел: Велика Британија мора да направи избор

Објавено пред

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, вели дека останува на Велика Британија да направи избор врз кој ќе го заснова понатамошниот пристап на Лондон до внатрешниот пазар на ЕУ.

„Велика Британија мора да донесе голема одлука, слободен и суверен избор. Ние ќе го почитуваме секој избор што ќе го направат, но тоа ќе одлучи за нивното ниво на пристап до нашиот внатрешен пазар”, рече Мишел.

Говорејќи пред Европскиот парламент, Шарл Мишел истакна дека останува малку време за преговори за идните односи со Велика Британија и дека ЕУ е подготвена да преговара 24 часа, седум дена во неделата, за сите прашања засновани врз законскиот текст.

„Ние сакаме фер и избалансиран договор, но исто така сме подготвени и во случај да нема договор“, рече Мишел.

Тој додава дека сите компании, без разлика дали се европски, британски или кинески, мора да ги следат истите деловни принципи на европскиот пазар.

Брисел наведува дека преговорите за идните односи со Велика Британија мора да завршат најдоцна до почетокот на ноември, со цел да се остави доволно време за ратификација на договорот во националните парламенти.

Во спротивно, предупредува на можноста преодниот рок на излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 декември 2020 година да заврши со нерасчистени односи без договор.

Прикажи повеќе...

Европа

Ердоган го нападна Макрон поради „францускиот ислам“

Објавено пред

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го критикуваше  францускиот претседател, Емануел Макрон, затоа што користи антиисламска реторика, која вклучува создавање на „француски ислам“, за да ги прикрие своите неуспеси во водењето на земјата.

Ердоган го кажа тоа за време на видеосостанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), пренесува турскиот портал „Хуријет дејли њуз“.

Според него, оние кои се вознемирени од подемот на исламот ја напаѓаат таа религија за време на кризи и антиисламската и антимуслиманската реторика се најкорисните средства за западните политичари да ги прикријат своите неуспеси.

Како пример ги наведе „францускиот ислам“, „европскиот ислам“ и „австрискиот ислам“.

„Вистинската цел на овие иницијативи предводени од францускиот претседател Макрон е справување со исламот и муслиманите. Не треба да им дозволуваме на империјалистите да нè делат на шиитско-сунитски, бело-црни, турски, курдски, арапски или фарисејски. Ние ќе се сакаме само заради Господ, не заради нашиот етнички идентитет“, рече Ердоган.

Турскиот претседател додаде дека постојат терористички организации кои го искористуваат исламот, како што се Боко Харам, Ел Шебаб, Исламска држава и ФЕТО и истакна дека е потребно правилно да се образуваат за исламот, со цел да се спречат ваквите девијантни бранови.

Прикажи повеќе...

Европа

Британската влада го поддржува тестирањето на ковид-вакцина врз луѓе, се чека одобрување од етичкиот комитет

Објавено пред

Британската влада објави дека ќе го поддржи контроверзното тестирање на вакцината против коронавирус врз доброволци, кои намерно треба да бидат заразени со коронавирус.

Владата најави дека со 33,6 милиони фунти ќе учествува во заедничко истражување со Кралскиот колеџ во Лондон, компанијата hVIVO, која се занимава со лабораториски истражувања, и фондацијата „Ројал фри“ од Лондон.

„Ројтерс“ известува дека истражувањето треба да започне во јануари доколку биде одобрено од етичкиот комитет.

Поддржувачите на овој потфат велат дека ова е добар начин да се скрати вообичаено долгиот процес на правење ефективни вакцини, што мора да помине низ десетици илјади волонтери.

Во овој случај волонтерите се следат секојдневно и се вршат тестови за да се види дали имаат развиено отпорност на коронавирусот или сè уште се подложни на него.

Овој пат на волонтерите ќе им се даде вакцина во строго контролирани услови, а потоа намерно ќе бидат заразени со коронавирусот за еден месец.

Потоа, тие ќе бидат во изолација и внимателно ќе се следи нивната здравствена состојба со цел да се види дали ќе стекнат отпорност или ќе се разболат.

Критичарите велат дека е неетички намерно да се заразува некој со потенцијално смртоносно заболување во време кога нема лек.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион17 минути

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 час

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија1 час

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет2 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија2 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет3 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет3 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија3 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион14 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет15 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија16 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија17 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија18 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија19 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија22 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија23 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија24 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа1 ден

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија1 ден

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Досие