Европа
Драматичен апел од Минхен: Само 20 слободни кревети за интензивна нега

Ситуацијата со коронавирусот во Германија се влошува. Седумдневната инциденција на нови инфекции со корона во земјата се искачи на повеќе од 200. Ова е највисоката дневна вредност што Институтот „Роберт Кох“ ја има објавено од почетокот на пандемијата, објавија германските медиуми.
Доаѓаат и предупредувања дека одделенијата за интензивна нега се под голем притисок.
Искористеноста на одделенијата за интензивна нега во Германија повторно достигна критично ниво, предупреди докторот Уве Јансенс од Германското интердисциплинарно здружение за интензивна и итна медицина (DIVI) во интервју за „Тагесшау“.
„Слободни кревети за интензивна нега има малку“, рече Јансенс додавајќи: „На пример, оваа сабота во вечерните часови беа достапни само 20 кревети за интензивна нега во цел Минхен. Тоа едноставно не е доволно и треба итно да се зафатиме со решавање на проблемот“.
Вкупно, во моментот има речиси 2.300 пациенти со Ковид-19 на одделенијата за интензивна нега во целата земја.
Ситуацијата е поинаква од пред една година, предупреди Јансенс, истакнувајќи дека медицинскиот персонал е уморен и исцрпен, пред крајот на своите сили.
„Всушност, изгубивме медицински персонал во последните неколку месеци. Ова го става целиот систем под уште поголем притисок. Паричниот бонус за медицинскиот персонал нема да биде од голема корист овде. Треба да се направи нешто итно за целата професија од амбулантска и болничка нега, а особено за интензивна нега“, предупреди овој експерт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Голем шумски пожар во Шпанија, евакуирани над 1.500 лица

Голем шумски пожар избувна во четвртокот на истокот на Шпанија во Вилануева де Вивер, во провинцијата Кастелон, недалеку од Валенсија.
Опустоши околу 4.000 хектари шума, а од загрозената област беа евакуирани околу 1.500 луѓе.
Повеќе од 500 пожарникари, поддржани од 20 авиони и хеликоптери, се распоредени за да го стават огнот под контрола во близина на селото Вилануева де Вивер, соопшти денеска шпанската служба за итни случаи, пренесува Ројтерс.
Во соопштението се наведува дека пожарникарите успеале да спречат пожарот да се прошири и на други подрачја. Властите објавија дека се истражуваат причините за пожарот, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.
Европа
Берлин планира да протера над 30 руски дипломати, Москва подготвува остар одговор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, планира да протера повеќе од 30 руски дипломати акредитирани во Берлин, додека од Москва велат дека веќе имаат подготвен одговор.
Според германските безбедносни власти, руските дипломати го користат својот имунитет за илегално да регрутираат германски доушници од светот на политиката, бизнисот, науката и војската.
Информаторите, меѓу другото, се користат и за диверзантски и дезинформациски операции.
Ако Германија протера руски дипломати, Москва ќе реагира жестоко, одговорот е веќе готов, изјави за Спутник извор од руското Министерство за надворешни работи.
Европа
Напад со нож и рачна бомба во Берлин, има повредени

Германската полиција објави дека 61-годишен осомничен напаѓач е уапсен по напад со нож и рачна бомба во Берлин, пришто се повредени три лица.
Напаѓачот во петокот вечерта активирал граната во влезот на станбена зграда во населбата Рајникендорф во главниот град на Германија и ранил две жени на возраст од 42 и 48 години, како и еден 61-годишен маж, пренесува АП.
Во полицискиот извештај се наведува дека по детонацијата, осомничениот притрчал кон жртвите и ги нападнал и ги ранил со нож.
Сите три жртви се пренесени во болница, но животот на повредениот е во опасност, се вели во полициското соопштение. Напаѓачот веднаш по нападот побегнал, но набрзо е приведен.