Европа
ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

Во средата претседателот на Европската комисија предложи ограничување на приходите на енергетските компании кои не користат гас за производство на електрична енергија и пренасочување на вишокот приход кон потрошувачите, заштеда при врвни оптоварувања и најави реформа на пазарот на електрична енергија со цел да се стави крај на доминантната улогата на гасот.
„Компаниите кои произведуваат струја по ниски трошоци не ни сонувале дека ќе имаат таков профит. Затоа предлагаме ограничување на нивните приходи“, рече Фон дер Лајен во нејзиниот говор за состојбата на Унијата.
Вишокот профит би бил насочен кон потрошувачите и економијата. „Така, земјите членки би собрале 140 милијарди евра со кои би го ублажиле влијанието“ на растот на цените на енергијата, додаде таа.
„Во нашата социјална, пазарна економија, профитот е добар, но во вакви времиња не е в ред да се извлекува извонреден рекорден профит, профитирајќи од војната и на сметка на потрошувачите. Добивката мора да се дели во вакви времиња и да се насочи кон оние на кои им е најпотребно“, рече Фон дер Лајен.
Вториот предлог е обврзувачка цел за намалување на потрошувачката на електрична енергија, особено за време на шпицот, за што ќе треба да се жртвува одредена удобност. Како пример, таа ги наведе фабриките за керамика во Италија, кои го преместија работното време на раните утрински часови за да го искористат времето кога струјата поевтинува.
„Замислете ги родителите меѓу оние работници кои рано ги напуштаат своите домови додека нивните деца сè уште спијат поради војна што тие не ја избрале. Ова е еден од милион примери за тоа како Европејците се прилагодуваат на новата реалност“, рече Фон дер Лајен.
И индустрија која користи фосилни горива, компании за нафта и гас, рафинерии, рудници за јаглен итн. тие прават големи профити благодарение на сегашните околности. Затоа ќе треба да плаќаат заеднички данок.
Претседателот на Комисијата ја нагласи потребата да се стави крај на зависноста од Русија и да се диверзифицира снабдувањето со гас од сигурни партнери како Норвешка, САД, Алжир и други. Таа најави „темелна реформа“ на пазарот на електрична енергија, каде цената се одредува според најскапиот енергенс од кој се произведува, а кој веќе подолго време е гас.
„Додека се справуваме со актуелната криза, мора да гледаме напред. Сегашниот концепт на пазарот на електрична енергија не е фер кон потрошувачите, тие треба да ги користат придобивките од евтините обновливи извори на енергија“, рече Фон дер Лајен. „Ќе треба да го одвоиме доминантното влијание на гасот од цената на струјата. Затоа, ќе спроведеме длабока и сеопфатна реформа на пазарот на електрична енергија“, рече таа.
Таа најави и дека Комисијата ќе работи на нови правила за пазарот на гас за да се ограничи високата нестабилност на цените во рок од еден ден. „Тоа е многу сложено и нималку тривијално прашање“, вели претседателката на Комисијата, пренесуваат светските агенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Корупциски скандал во Брисел, „Хуавеј“ осомничен за поткуп на европратеници

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ е во центарот на новиот случај на корупција во Брисел. Денеска, белгиската полиција изврши претрес во домовите на неговите лобисти, откриваат Follow the Money и нивните медиумски партнери Le Soir и Knack.
Властите се сомневаат дека лобистите на „Хуавеј“ им дале мито на членовите на Европскиот парламент во замена за поддршка на нивната кауза во Европската Унија. Речиси 15 поранешни и сегашни пратеници се на радарот на истражителите, се дознава.
Во раните утрински часови белгиската федерална полиција изврши претрес во канцеларијата на „Хуавеј“ во ЕУ и во домовите на лобистите за кинеската технолошка компанија под сомнение за поткуп, фалсификување, перење пари и злосторничко здружување, изјавија луѓе блиски до истрагата за Follow the Money и белгиските медиуми Le Soir и Knack.
Вкупно 21 локација во Брисел, Фландрија, Валонија и во Португалија беа претресени како дел од широката истрага за корупција. Запленети се повеќе документи и предмети, но не се извршени претреси во Европскиот парламент.
Полицијата бара докази дека претставници на кинеска компанија го прекршиле законот при лобирање кај членовите на Европскиот парламент (ЕП), велат извори. Рациите во зората беа дел од истрагата на тајната полиција, која почна пред речиси две години по дојава од белгиската тајна служба.
Според еден извор близок до случајот, „петнаесетина (поранешни) пратеници се на радарот“ на истражителите. За сегашните европратеници, белгиските обвинители ќе мора да побараат од Европскиот парламент да им го укине имунитетот за да може да истражат понатаму. Такво барање сѐ уште не е поднесено, велат изворите.
Канцеларијата на белгиското федерално обвинителство потврди дека неколку лица биле испрашани. Тие ќе бидат сослушани за нивната наводна вмешаност во практики на поткуп во Европскиот парламент и за фалсификување и употреба на фалсификувани документи. Се претпоставува дека делата ги извршила криминална организација.
Европа
Русија: Ја ослободивме Суџа

Руските војници во изминатите 24 часа го ослободија градот Суџа и уште две населени места во пограничниот регион Курск, соопшти утринава руското Министерство за одбрана.
„Единиците на борбената група Север ги ослободија Меловои, Подол и Суџа во офанзивни операции“, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Кремљ: Американските преговарачи се на пат, одредени информации ѝ се доставени на Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека американските преговарачи се на пат за Москва.
„Точно е дека американските преговарачи се на пат и точно е дека се планираат контакти. Да не брзаме, ќе ви кажеме подоцна“, рече Песков.
„Веќе е остварен контакт – имаше телефонски разговор меѓу американскиот советник за национална безбедност, Мајк Валц, и советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков. Одредени информации ѝ се доставени на Русија“, додаде тој.
Песков не потврди дека Русија им дала на САД список со барања за договор со Украина. Ова претходно го објави новинската агенција „Ројтерс“ цитирајќи две лица запознаени со ова прашање.