Европа
Ердоган: Не му дозволивме на израелскиот претседател да прелета над наша територија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека Турција му забранила на израелскиот претседател Исак Херцог да го користи турскиот воздушен простор.
Канцеларијата на Херцог во саботата објави дека тој нема да присуствува на климатската конференција COP29 во Азербејџан поради „безбедносни причини“. Официјални лица во Азербејџан го отфрлија тврдењето дека нивната земја е небезбедна и нагласија дека вистинската причина за отсуството на Херцог е забраната за користење на турскиот воздушен простор.
За време на вчерашната прес-конференција на самитот на Г-20 во Бразил, Ердоган потврди дека на Херцог навистина му била одбиена дозволата да лета над Турција со официјалниот авион на Wing of Zion, поради противењето на Турција на војната на Израел со Хамас во Газа.
„Што се однесува до израелскиот претседател кој сакаше да оди во Азербејџан на самитот COP, не му дозволивме да го користи нашиот воздушен простор. Има други области, има и други можности, му рековме да оди таму… но јас не знам дали отиде или не“, рече Ердоган.
Азербејџан, сојузникот на Израел, се граничи со Иран на југ. Израелците планирале Херцог да дојде во Азербејџан преку лет над Средоземното Море, Турција и Грузија. Остатокот од израелската делегација на конференцијата за климата, која вклучува тројца министри и десетици официјални лица, учествува според планираното и пристигна во Азербејџан на 11 ноември, наводно преку комерцијални летови преку Грузија.
Делегацијата е под строго обезбедување, изјавија Израелците. Ердоган беше остар критичар на Израел за време на војната во Газа. Во мај тој ги прекина економските врски меѓу двете земји. Тој постојано го споредуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.