Европа
Ердоган: Турција би можела да одржи референдум и за пристапувањето во ЕУ
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција би можела да одржи референдум за пристапувањето во Европската унија(ЕУ) по 16 април, кога Турците ќе се изјаснуваат за промени на Уставот со кои претседателот добива поголеми овластувања.
„Сега се подготвуваме за референдумот на 16 април, а потоа ќе одбереме датум за референдумот за членство во ЕУ и се обврзуваме дека ќе ја почитуваме волјата на нашиот народ“, рече Ердоган во градот Анталија.
Изјавата на Ердоган следи по само еден ден откако најави дека ќе ги разгледа сите политички и административни врски со ЕУ. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
