Контакт

Европа

Кристин Лагард именувана за прв човек на Европската централна банка

Објавено пред

Лидерите на Европска Унија го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ). Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година.

Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри и Европска централна банка, која ја одредува монетарната политика за 19 земји членки на евро зоната, кои го користат еврото како валута. Лагард ќе ја преземе должноста на 1 ноември и ќе има осумгодишен мандат.

Лагард поднесе оставка на функцијата извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) две недели откако беше предложена за нова директорка на Европската централна банка.

Европа

Новиот состав на белорускиот парламент ќе биде без опозициски пратеници

Објавено пред

Сто и десетте пратеници избрани на парламентарните избори во Белорусија се од партии кои ја поддржуваат власта, а опозицијата ги загуби и досегашните две места.

На претходните избори во 2016 година, двајца членови на опозицијата беа избрани како претставници во парламентот за првпат во 20 години, но ни на еден од нив не му било дозволено да се кандидира овој пат. Бројни кандидати, вклучително и некои од опозициските фаворити, беа исклучени од изборите затоа што, наводно, не успеале да ги исполнат административните барања.

Политикологот, Павел Усов, го смета за претеран податокот кој го објави државната изборна комисија дека одѕивот на изборите бил 77,22 проценти и додадва дека граѓаните се помалку излегуваат на избори, чиј исход е познат однапред.

Независниот информативен сајт naviny.by оцени дека „власта плукнала на опозицијата“ и си формирала парламент по свој терк.

Ваквиот резултат дојде и покрај напорите на шефот на државата, Александар Лукашенко, кој се обидува да се приближи кон Европската унија иако таа редовно го критикува недостатокот на демократија во поранешната советска република. Во последните години Лукашенко и дава повеќе простор на опозицијата и ги ослободи политичките затвореници во обид да ги подобри врските со Западот, по несогласувањата со својот традиционален сојузник Москва.

Наречен „последниот диктатор во Европа“, Лукашенко ја води поранешната советска република цели 25 години.

Ниту едни избори кои од тогаш се одржуваат во Белорусија не се сметаат за слободни или фер од страна на меѓународните набудувачи.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

Москва го потврди учеството на средбата во Париз

Објавено пред

Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин на 9 декември ќе учествува на меѓународниот самит на Нормандиската четворка во Париз за ситуацијата во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им рече на новинарите дека Путин ќе присуствува на Самитот во обид да се постигне напредок во барање мирно решавање на конфликтот во источна Украина.

Песков одби да разговара за очекувањата на Москва за настанот, пренесува „Ројтерс“.

Француското претседателство објави во петокот дека во Париз ќе бидат лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина, но Кремљ дури денес јавно го потврди присуството на претседателот Путин.

Прикажи повеќе...

Европа

Исламската заедница сака големи џамии во секоја покраина во Австрија

Објавено пред

Претседателот на Исламската верска заедница во Австрија (ИГГО), Имит Вурал, сака голема џамија во секоја австриска покраина.

„Во сите покраини, ИГГО треба да има џамија со седиште на верската заедница“, рече тој во интервју за виенскиот весник „Пресе“.

Тој истакна дека другите верски заедници во покраините имаат свои цркви или синагоги и дека нема причина покраините да немаат и џамии.

Наместо две мали џамии во непосредна близина, Вурал смета дека треба да се гради голема џамија.

За разлика од поранешниот претседател на ИГГО, Анес Шакфе, кој ја разбранува јавноста во 2010 година, Вурал вели дека минарињата во тие џамии не би биле задолжителни.

Лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер, го осуди барањето на ИГГО и рече дека станува збор за „притаена исламизација“ на Австрија.

„Ние мора силно да се спротивставиме на овој тренд. Исламот не е дел од нашата историја, нашата култура и никогаш нема да биде “, истакна Хофер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија31 минута

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија49 минути

Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 час

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Свет3 часа

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет4 часа

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија4 часа

Првпат во историјата глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија5 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија15 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет16 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа17 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет18 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија21 час

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет22 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет23 часа

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија24 часа

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион1 ден

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа1 ден

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија1 ден

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Досие