Контакт

Европа

Меркел: Урсула фон дер Лејен е посветена Европејка

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел ѝ честиташе на нејзината долгогодишна соработничка Урсула фон дер Лејен на изборот за претседателка на Европската комисија, истакнувајќи дека досегашната германска министерка за одбрана е посветена Европејка.

„Драго ми е поради тоа што посветена Европејка ќе стане претседател на Европската комисија“, напиша Меркел на нејзиниот профил на „Твитер“.

„Иако ја губам својата долгогодишна министерка, добив нов партнер во Брисел“, додаде германската канцеларка.

Фон дер Лејен е прва жена што ќе ја предводи Европската комисија, но и првиот германски државјанин што стапува на чело на извршната власт на Европската Унија.

Европа

Курц: Одлично сме подготвени, нема простор за паника

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, по потврдените први инфекции со коронавирус на австриска почва, изјави дека властите се добро подготвени.

„Ги презедовме сите мерки за спречување на ширењето“, рече Курц, кој е во посета на Лондон.

Тој истакна дека приоритет е да се заштити населението во Австрија и да се направи сè за да се спречи понатаму да се шири коронавирусот.

Важно е, рече Курц, дека постои реална процена на ситуацијата во Австрија и Европа.

Курц укажа дека нема простор за паника и дека опасноста од ширење на вирусот во Европа извесно време е позната.

Прикажи повеќе...

Европа

Две училишта во Англија затворени откако ученици се вратиле од скијање во Италија

Објавено пред

Две училишта во Чешир, Англија, се затворени откако ученици се вратиле од скијање во Италија каде властите изминативе денови се борат да го стават под контрола ширењето на коронавирусот, пишува „Скај њуз“.

Во пораката до родителите која ја испратил директорот на едно од училиштата се вели дека затворањето ќе биде на сила до крајот на неделава со цел комплетно да се минимизира ризикот од инфекција.

Ваквата одлука следува откако голем број ученици и вработени во училиштето минатата недела го посетиле Бормио во северна Италија и оттогаш добиле совети да се изолираат.

„Без оглед на сегашните совети од Дирекцијата за јавно здравје во Англија (дека училиштето треба да остане отворено за сите други ученици) решив целосно да го минимизирам можното ширење на инфекцијата и да го затворам училиштето оваа недела“, напишал тој.

Второто училиште на „Твитер“ соопштило дека наставата се прекинува поради кусокот што настанал кај училишниот персонал.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полупразни плоштади и улици во Милано, коронавирусот внесува немир кај посетителите

Објавено пред

Откажани настапи на миланската опера, празни деловни простории и плоштади се слики кои доаѓаат од Милано откако коронавирусот се прошири во северниот дел на Италија.

Од кратката репортажа на агенцијата „Ruptly“ може да се забележи дека миланските улици во текот на денот се значително попразни од вообичаено и дека е намален бројот на туристи.

Оние кои, сепак, се решиле да го разгледаат градот, како и локалните жители кои имаат неодложни обврски, задолжително носат заштитни маски.

„Не сум многу загрижен во моментов, но по вестите за ширењето на вирусот во Ломбардија мислам дека треба да бидеме претпазиливи“, вели во кратка изјава еден од случајните минувачи.

Празни се и продавниците на брендовите од високата мода, исто како и полиците на повеќе маркети во регионот Ломбардија.

„Се работи за респираторен вирус за кој не верувам дека е многу смртоносен. Станува збор за заразна болест и мислам дека доколку се стравува од зараза тогаш е добро да се избегнуваат јавни собири бидејќи на тој начин најмногу се шират заразите. Инаку, според мене, малку се претерува со тоа што масовно се празнат рафтовите во маркетите, сепак ова е реалност, а не зомби-филм“, вели една посетителка на Милано во изјавата за агенцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

(Видео) Почна маршот на ВМРО-ДПМНЕ за правда

Со развиорени знамиња и скандирања „Никогаш Северна, само Македонија“ поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ го почнаа маршот за правда пред зградата на...

Македонија3 часа

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија4 часа

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија5 часа

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион6 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија8 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Актуелно9 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија9 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион10 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија11 час

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт11 час

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија11 час

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет12 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет22 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт22 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет23 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија1 ден

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет1 ден

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа1 ден

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Досие