Европа
Најмалку тројца загинати во лавина на австриските Алпи
Најмалку тројца скијачи загинаа, а еден се води како исчезнат во лавина во средата во австриските Алпи, соопшти полицијата.
Како што наведуваат австриските медиуми, несреќата се случила околу пладне во близина на врвот Јохгрубенкоф, во сојузната држава Тирол, на западот на Австрија.
Загинатите биле во група од осум странски скијачи, од кои половината успеала да се ослободи и да побара помош. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
