Контакт

Европа

На Алпите утрово наврнале 30 сантиметри снег

Објавено пред

Италијанскиот метеоролошки портал 3Bmeteo синоќа објави прогноза со која за денеска се предвидуваа силни дождови и бури во целата земја.

Но, најинтереснa во таа прогноза беше објавата за многу ладен воздух кој на високите области ќе донесе снег, што е необично за ова време од годината.

Се прогнозира снег на западниот дел од Алпите, а според фотографиите објавени од фејсбук-страницата Severe Weather Europe, прогнозата се покажа како точна.

Имено, на Матерхорн утрово наврнале 30 сантиметри снег. Покрај тоа, снег наврнал и во северозападниот дел на Италија, во Монте Фраитеве, на 2.702 метри надморска височина.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Две училишта во Англија затворени откако ученици се вратиле од скијање во Италија

Објавено пред

Две училишта во Чешир, Англија, се затворени откако ученици се вратиле од скијање во Италија каде властите изминативе денови се борат да го стават под контрола ширењето на коронавирусот, пишува „Скај њуз“.

Во пораката до родителите која ја испратил директорот на едно од училиштата се вели дека затворањето ќе биде на сила до крајот на неделава со цел комплетно да се минимизира ризикот од инфекција.

Ваквата одлука следува откако голем број ученици и вработени во училиштето минатата недела го посетиле Бормио во северна Италија и оттогаш добиле совети да се изолираат.

„Без оглед на сегашните совети од Дирекцијата за јавно здравје во Англија (дека училиштето треба да остане отворено за сите други ученици) решив целосно да го минимизирам можното ширење на инфекцијата и да го затворам училиштето оваа недела“, напишал тој.

Второто училиште на „Твитер“ соопштило дека наставата се прекинува поради кусокот што настанал кај училишниот персонал.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Полупразни плоштади и улици во Милано, коронавирусот внесува немир кај посетителите

Објавено пред

Откажани настапи на миланската опера, празни деловни простории и плоштади се слики кои доаѓаат од Милано откако коронавирусот се прошири во северниот дел на Италија.

Од кратката репортажа на агенцијата „Ruptly“ може да се забележи дека миланските улици во текот на денот се значително попразни од вообичаено и дека е намален бројот на туристи.

Оние кои, сепак, се решиле да го разгледаат градот, како и локалните жители кои имаат неодложни обврски, задолжително носат заштитни маски.

„Не сум многу загрижен во моментов, но по вестите за ширењето на вирусот во Ломбардија мислам дека треба да бидеме претпазиливи“, вели во кратка изјава еден од случајните минувачи.

Празни се и продавниците на брендовите од високата мода, исто како и полиците на повеќе маркети во регионот Ломбардија.

„Се работи за респираторен вирус за кој не верувам дека е многу смртоносен. Станува збор за заразна болест и мислам дека доколку се стравува од зараза тогаш е добро да се избегнуваат јавни собири бидејќи на тој начин најмногу се шират заразите. Инаку, според мене, малку се претерува со тоа што масовно се празнат рафтовите во маркетите, сепак ова е реалност, а не зомби-филм“, вели една посетителка на Милано во изјавата за агенцијата.

Прикажи повеќе...

Европа

Тепачка меѓу педесетина Срби во Виена, се скарале на фамилијарна вечера

Објавено пред

Околу 50 луѓе учествувале во масовна тепачка во Виена кога членови на српско семејство се собрале на вечера во ресторан, пренесува „Индекс.хр“ повикувајќи се на австриските медиуми.

Откако полицијата реагирала, четири лица биле уапсени, а во тепачката има и повредени.

Пошироката фамилија се собрала во ресторан во Виена за семејна прослава во саботата, пишуваат австриските медиуми, но средбата ескалирала по неколку последователни кавги, објави „Блиц“.

Тепачката преминала од ресторанот на улица и една од келнерките повикала полиција. Полицајците утврдиле дека околу 50 лица учествувале во тепачката. По ова пристигнало засилување и целата улица била блокирана.

Причината за тепачката засега е непозната, пренесува „Блиц“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Двајца Срби во карантин во Шабац, еден се вратил од Тајлaнд, а другиот од Милано

Двајца мажи се сместени на инфективното одделение на Општата болница во Шабац, поради сомнение дека се заразени со коронавирусот, пренесува...

Македонија1 час

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион2 часа

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија4 часа

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Македонија4 часа

Патник од Дубаи заврши на Инфективна клиника, се прават тестирања за коронавирус

Пред неколку часа на Инфективната клиника во Скопје е примен пациент кој пред неколку дена допатувал од Дубаи, каде што...

Актуелно5 часа

Режисерите на „Медена земја“ подготвуваат нови филмови

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, македонските режисери на документарниот филм со двојна номинација за Оскар „Медена земја“, се подготвуваат за...

Македонија5 часа

(Видео) Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион6 часа

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт7 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија7 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет8 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет18 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт18 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет19 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија21 час

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет23 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа24 часа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија1 ден

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет1 ден

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Досие