Контакт

Европа

Пациент пукаше во болница во Прага и рани две лица

Објавено пред

Чешка полиција објави дека пациент пукал во болница во Прага, при што ранил други двајца пациенти. Полицијата информира дека инцидентот се случил синоќа на полноќ во Универзитетската болница во Прага, на одделението за хематологија во соба во којашто имало тројца пациенти.
        
Пациентот бил приведен, откако медицискиот персонал успеал да му го земе оружјето. Извори блиски до болницата соопштија дека еден од двајцата повредени пациенти е во критична состојба. Други детали не се соопштуваат.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Полицаец соборен од коњ на протестите во Лондон

Објавено пред

Британската полиција и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер во Лондон, за време на протестите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

На социјалните рмежи е објавено видео на кое се гледа како еден од полицајците од коњаницата, е соборен од коњот додека го јавал, пренесе „Скај њуз“. Како што се наведува, полицаецот останал да лежи на земјата, а коњот продолжил да трча кон демонстрантите.

Како што пренесува британски „Стандард“ демонстрантите во еден момент ја гаѓале полицијата со факели.

Илјада демонстранти се собраа пред Даунинг стрит по собирот на плоштадот пред парламентот и по маршот низ центарот на Лондон.
Демонстрации се одржаа во Манчестер, Кардиф, Шефилд и Њукасл.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Хаос во Хамбург – полицијата со водени топови против демонстрантите

Објавено пред

Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка на американските антирасистички собири против полициската бруталност прераснаа во насилство.

Полицијата на Твитер соопшти дека неколку стотици агресивни луѓе со капи на главите извршиле притисок на полицијата во центарот на градот и дека еден полицаец е ранет.

„ Моравме да употребиме бибер спреј. Со должна почит за емоциите, но напдите на полицијата се неприфатливи“ навела полицијата.

На друга локација пак околу 350 луѓе стоеле пред водените топови.

„ За нас ова се неовластени, неодобрени собири и ги повикуваме луѓето да се разотидат“ порача полицијата на Хамбург.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Неофашисти протестираат во Рим, фрлени петарди и солзавец

Објавено пред

Припадници на екстремната десница и најрадикални навивачи денеска одржаа антивладин протест во Рим, за време на кој се судрија со полицијата и новинарите.

Неофашистите од екстремно десничарското движење „Форца Нуова“ поздравуваа со фашистички поздрав, пренесе АП. Во еден момент неколку демонстранти се обиделе да ги избркаат новинарите гаѓајќи ги со шишиња и петарди.

На тоа реагирал полицискиот кордон кој се приближил до демонстрантите по што следела повеќе минутна напнатост. Потоа демонстрантите се поместиле малку подалеку.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа34 минути

(Видео) Полицаец соборен од коњ на протестите во Лондон

Британската полиција и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер во Лондон, за време на протестите...

Европа45 минути

(Видео) Хаос во Хамбург – полицијата со водени топови против демонстрантите

Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка...

Свет4 часа

Големи протести против расизмот се шират во светот

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Европа и Австралија, како и стотина во Токио и Сеул, за да ги поддржат...

Македонија7 часа

Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени...

Македонија8 часа

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија10 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион10 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет11 час

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет12 часа

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет13 часа

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт13 часа

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија24 часа

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет1 ден

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија1 ден

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија1 ден

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија1 ден

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија1 ден

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија1 ден

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија1 ден

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија1 ден

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Досие