Европа
Сијарто: Миграциите мора да останат во национална надлежност

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, го повтори ставот на Унгарија дека прашањето за миграциите мора да остане во рамките на националната надлежност. Тој го изјави тоа за време на видеоконференцијата за договорот на ЕУ од Котону.
Сијарто разговараше со министрите за надворешни работи на Полска, Естонија и Малта за договорот што ЕУ го потпиша во 2000 година со групата држави на Африканската и Карипско-пацифичката група држави (АЦП) за кој во моментов се преговара, објави МТИ.
Тој ги оцени поглавјата за миграцијата како најкритичен дел од договорот и додаде дека договорот не содржи ниту еден збор за безбедносните и здравствените ризици што ги претставува миграцијата во Европа.
„За жал, Европската комисија повторно зазеде промиграциски став“, рече Сијарто, истакнувајќи дека ова ќе ја промовира миграцијата од земјите на АЦП.
„Но, ние не прифаќаме други да ни кажат кому треба да дозволиме да влеземе во Унгарија затоа што не прифаќаме промоција на миграцијата за работни цели“, рече Сијарто, додавајќи дека како резултат на тоа, милиони луѓе ќе останат без работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астразенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астразенека“ во таа земја, пренесува Ројтерс.
Европската комисија и Италија вчера ја блокираа испораката на околу 250.000 дози вакцини на „Астразенека“ во Австралија, бидејќи тој производител не ги исполнил обврските од договорот со ЕУ.
„ Австралија го покрена прашањето пред Европската комисија преку неколку канали и конкретно побара да се преиспита одлуката“, рече австралискиот министер за здравство, Грег Хант.
Тој рече дека Австралија веќе примила 300.000 дози вакцини на „Астразенека“ и додаде дека процесот на вакцинација не е загрозен. Австралија започна со имунизација пред две недели со вакцинирање на медицински работници и постари граѓани со вакцината на „Фајзер“.
Европа
Во Словачка кавги во владејачката коалиција околу руската вакцина

Кавги во владејачката коалиција во Словачка откако премиерот Игор Матовиќ ги заобиколи коалициските партнери и испрати авион по руската вакцина против Ковид-19, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Според нив, владејачката коалиција честопати се судира во пристапот за сузбивање со пандемијата од Ковид-19, а Матовиќ, како што пишуваат, ја донел одлуката и покрај барањата од коалициските партнери да не ја користат руската вакцина сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови.
Словачка е втора земја членка на Европската Унија, по Унгарија, што ја купува руската вакцина „спутник В“.
Политичкиот партнер во коалицијата, партијата „За народот“, вчера се закани дека ќе ја напушти владата поради ова прашање, додека, пак, партијата „Слобода и солидарност “ повика на преструктуирање на кабинетот формиран по изборите пред една година, пренесуваат агенциите во Словачка.
„За време на викендот, воен авион беше испратен во Москва да донесе 200.000 дози од вакцината ‘спутник В’, прва пратка од вкупно два милиона“, рече Матовиќ.
Тој својата одлука за купување на руската вакцина ја бранеше и преку социјалните мрежи.
„Нашите партнери го користеа ‘спутник В’ како најтешкото оружје за да ја растурат сопствената влада“, рече тој.
Министерот за надворешни работи Иван Корчок изјави дека набавката на руската вакцина ја доведува во прашање позицијата на земјата на меѓународната сцена.
Европа
ЕК: Рокот истекува, отворете ги границите

Европската комисија го повтори својот повик до сите земји членки да се придржуваат кон заеднички договорените мерки кога станува збор за ограничувања на границите во рамките на ЕУ.
Минатата недела Комисијата испрати писма до Германија, Белгија, Унгарија, Данска, Финска и до Шведска, во кои изразува загриженост за едностраните гранични мерки поврзани со влез и излез од тие земји, кои беа воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19.
Рокот за одговор истекува в понеделник. Германија и Белгија веќе одговорија, што ние внимателно го разгледуваме, но нашиот став останува непроменет“, изјави портпаролката на Комисијата, Кристија Виганд.
Во Брисел нагласуваат дека сите земји членки на ЕУ се согласиле на координиран пристап кога станува збор за какво било ограничување на слободата на движење во Европа.
„Препораките се јасни и очекуваме сите земји да ги почитуваат“, вели Виганд.
На крајот на февруари Белгија забрани секаков неесенцијален влез и излез од земјата, а Германија ги постави граничните контроли кон Австрија и Чешка.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер