Контакт

Европа

Универзитетот во Виена отвора студии за пензионери

Објавено пред

Универзитетот во Виена од март 2019 година ќе отвори посебни студии за пензионери. Studium Generale на унивезитетот во Виена ќе вклучува 12 дисциплини, меѓу кои социологија, комуникација, молекуларна биологија, право и филозофија.

Целта е да им се овозможи на пензионерите да го научат она што отсекогаш ги интересирало, а немале време за тоа.

Една програма на студиите ќе чини 420 евра. Дванаесетте програми е можно да се завршат во 4-5 семестри за што ќе треба да се платат 4.800 евра.

Оние што сакаат да добијат универзитетска диплома ќе треба да завршат уште три семестри и да напишат дипломска работа за што ќе треба да платат дополнители 1.200 евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Австриски политичар поднесе оставка поради контроверзна песна

Објавено пред

Австрискиот политичар Кристијан Шлихер од Партијата на слободата поднесе оставка денес под притисок од јавноста кога неговата антимигрантска песна предизвика жестока реакција во Австрија и пошироко.

Ова беше потврдено од страна на заменик-канцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе, партиски колега на Шлихер, кој рече дека тој ќе ја напушти партијата ФПО.

Шлихер поднесе оставка како заменик-градоначалник на Браунау на Ина, инаку родното место на Адолф Хитлер.

Во песната Шлихер ги споредува мигрантите со стаорци и предупредува на опасноста од мешање на културите, објавија австриските медиуми.

Остро реагира и канцеларот Себастијан Курц, кој е во коалиција со Партијата на слободата од 2017 година и побара нејзиниот разгранок во Горна Австрија да се дистанцира од песната.

„Изборот на зборови е одвратен, нечовечен и длабоко расистички“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсена жена поврзана со убиството на новинарката во Северна Ирска

Објавено пред

Полицијата од Северна Ирска денеска објави дека уапсила 57-годишна жена врз основа на антитерористичкиот акт во врска со убиството на новинарката Лира Мекки.

Апсењето на жената се случи по соопштението на организацијата „Нова ИРА“, во кое признава дека еден од нејзините доброволци ја убил новинарката Меки, која била погодена од огнено оружје додека известувала за немирите во Лондондери, објави АП.

Властите веруваат дека едно лице пукало за време на хаотичните немири што избија во четвртокот вечерта, но ја имаше поддршката од својата организација.

Лира Меки беше убиена минатата недела кога заталкан куршум ја погоди во главата кога непознати луѓе пукаа и фрлаа „молотови коктели“ на полицајците за време на рутинска контрола во округот Креган во Лондондери.

Прикажи повеќе...

Европа

Салвини: Владата ќе преживее, имаме уште четири години соработка

Објавено пред

Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на десничарската лига, Матео Салвини, денеска изјави дека владејачката коалиција пред себе има уште четири години работа и дека треба да се избегнат вонредни избори.

„Можам да ви кажам дека сум посветен на опстанокот на владата, но за танго се потребни двајца“, рече Салвини.

Двете водечки партии во коалицијата се судрија минатата недела кога почна истрага за економскиот советник на Салвини, Армандо Сири, според „Блумберг“.

Според агенцијата, водачот на Движењето Пет ѕвезди и вицепремиер Луиџи ди Мајо тогаш побарал оставка од Сири.

Десничарската партија Лига, сепак, го поддржа Сири нагласувајќи дека има голема доверба ​​во него.

Салвини изрази уверување дека владата ќе преживее и дека има знаци на закрепнување во италијанската економија.

Според анкетата за јавното мислење, десничарската Лига има 36,9 отсто поддршка од граѓаните, што е речиси 15 отсто повеќе од Движењето Пет ѕвезди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Свет11 час

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет14 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија15 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ15 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ16 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија17 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија17 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет18 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион18 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет18 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет19 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ1 ден

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа1 ден

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20191 ден

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет1 ден

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20191 ден

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20192 дена

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 20192 дена

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Досие