Контакт

Европа

(Фото) Се урна вијадукт во Италија, се стравува дека има многу повредени

Објавено пред

Вијадуктот во близина на Џенова се урна денес, пренесуваат светските агенции.

Агенцијата „Ројтерс“, која беше меѓу првите што ја пренесоа веста, соопшти дека полицијата и пожарникарите биле на местото на настанот и засега не е познато дали има жртви. „Спутник“ пишува дека се стравува оти има многу жртви и дека е можно неколку автомобили да паднале од мостот. Истите информации ги пренесува и британскиот „Мирор“ додавајќи дека италијанските пожарникари потврдиле дека возилата паднале од мостот.

Не е познато зошто дошло до уривањето на вијадуктот, кој, како што тврдат италијанските медиуми, е дел од главниот пат А10.

Изградбата на мостот почна во 1962 година и заврши во 1968 година, а беше реконструиран во 2016 година.

Европа

ЕУ го губи трпението за „Фејсбук“

Објавено пред

Од

Еврокомесарката за правда, Вера Јурова, на американскиот медиумски гигант „Фејсбук“ му даде рок до крајот на годината да постапи по регулативите за заштита на потрошувачите во ЕУ. Инаку, како што рече таа, социјалната мрежа ќе се соочи со санкции.

„Моето трпение стигна до крајната граница. Иако од ‘Фејсбук’ ме уверуваа дека до декември конечно ќе се прилагодат на сите услови, целиот процес се покажува како премногу долг“, се вели во соопштението на Јурова, кое го пренесува агенцијата „Ројтерс“.

„Сега е време за акција и нема веќе ветувања. Доколку промените не се целосно спроведени до крајот на годината, ќе ги повикам властите да ги заштитат потрошувачите и да ја санкционираат компанијата“, изјавила Јурова.

Прикажи повеќе...

Европа

Орбан: Нема потреба да ги штитат нашите граници

Објавено пред

Од

Нема потреба „Фронтекс“ да ја штити унгарската граница од мигрантите, изјави премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Тој пред новинарите, спроти почетокот на Самитот на европските лидери во Салцбург, рече дека земјите членки на ЕУ би требало да го задржат правото да ги штитат своите граници, а таков предлог веќе изнеле Австрија и Бугарија.

Орбан додаде дека Фронтекс, Европската агенција за заштита на границите, е убава идеја, но организацијата никогаш успешно не заштитила ни метар од границата, додека Унгарија заштитила стотина километри.

„Нема потреба тие да ја чуваат нашата граница, а да не говорам за принципот на суверенитет“, истакна Орбан и додаде дека својот предлог ќе го изнесе на Самитот и дека има повеќе земји кои се противат на идејата на Европската комисија.

Говорејќи за брегзит, Орбан истакна дека ЕУ не би требало да ја казнува Велика Британија и дека фер излез од Унијата и добра соработка се потребни и за Велика Британија и за ЕУ. Прашан дали очекува да се говори и за одлуката на Европскиот парламент кој изрече казнени мерки за Унгарија во врска со проблемите со владеењето на правото, Орбан одговори „Сите се смеат за тоа“.

Прикажи повеќе...

Европа

Неуспех на неформалниот самит за брегзит

Објавено пред

Од

Првиот ден од неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Салцбург заврши без некој значаен чекор кога станува збор за можностите за договор меѓу Велика Британија и Унијата, во врска со брегзит.

„Во оваа фаза уште сме на мртва точка. Не постои напредок“, рекла претседателката на Литванија, Далија Грибаускајте, за „Ројтерс“ по синоќешната вечера, со која почна дводневниот неформален самит. Ова беше потврдено од страна на словачкиот премиер, Петер Пелегрини, кој рече дека по прашањето за границите нема напредок.

Британската премиерка, Тереза ​​Меј, синоќа директно ги повика лидерите на ЕУ да се воздржат од неприфатливи барања во врска со повлекувањето на земјата од блокот, кои, како што наведе, би можеле да доведат до распад на Велика Британија.

Таа ја повика Унијата соодветно да одговори на нејзината сериозна и изводлива агенда. Лидерите на ЕУ учтиво ја слушаа, но потоа изјавија дека ќор-сокакот во врска со ирската граница сè уште е тука.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ4 часа

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести8 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион9 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија13 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија14 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија14 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија16 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија16 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија16 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија17 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија17 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет18 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија1 ден

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија1 ден

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток2 дена

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 дена

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Досие