Контакт

Европа

Франција нема да ги намалува пензиите под 2 000 евра

Објавено пред

Франција ќе ја покачи просечната плата за 100 евра и нема да ги намалува пензиите под 2 000 евра по одобрение на кабинетот, соопшти портпаролот на владата.

Бенџамин Гриво вели дека барањата на „Жолтите елеци“ биле прифатени од кабинетот.

Дополнително, Франција нема да наплаќа данок за надомест од прекувремена работа.

Оваа одлука ќе биде во корист на преку 5 милиони жители, вели портпаролот, и додава дека властите ќе разговараат за економската ситуација од јануари до март и ќе донесат нови одлуки најдоцна до средината на април.

Европа

Меркел: Дипломатија, а не санкции во односите со Турција

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, рече дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источен Медитеран.

Доаѓајќи на самитот на лидерите на ЕУ, таа истакна дека и покрај сите проблеми, Унијата има голем интерес за развој на конструктивни односи со Турција.

„Ние сме партнери во НАТО, зависиме едни од други кога станува збор за управувањето со миграцијата и ги поддржуваме кога станува збор за прием на голем број мигранти што се на нивна територија“, вели Меркел.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) ЕУ поведе правна постапка против Лондон за кршење на договорот за брегзитот

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, објави дека ЕУ поведе постапка за кршење на договорот против британската влада поради нејзиниот спорен предлог-закон со кој се откажува од дел од договорот за брегзитот.

„Утрово, Комисијата одлучи да испрати писмо до британската влада, во кое се повикува да ги почитува своите обврски. Ова е прва фаза од процедурата на кршење на договорот“, објави Фон дер Лаен.

Во писмото до Велика Британија се наведува дека британската влада има рок од еден месец да одговори.

Европската комисија потенцира дека Велика Британија претходно беше повикана да го повлече проблематичниот дел од законот за внатрешен пазар до крајот на септември.

Се додава дека законот, по својата природа, ги крши обврските преземени со добра волја, што произлегуваат од договорениот договор за одвојување.

„Рокот истече вчера, проблематичните одредби не беа повлечени, а Комисијата го почна првиот чекор од прекршочната постапка со испраќање официјално известување до властите на Велика Британија“, вели претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лаен.

Во Брисел наведуваат дека и покрај овој чекор, тие ќе продолжат да работат на целосно и навремено спроведување на договорот за повлекување на Обединетото Кралство од ЕУ.

„Ние се придржуваме кон преземените обврски“, заклучи Фон дер Лаен.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Во Украина 146 пожари, 10 хоспитализирани и осуммина загинати

Објавено пред

Во неколку шумски пожари, кои го зафатија источниот дел на Луганск, Украина, загинаа осум лица, а 10 се хоспитализирани, соопшти денеска службата за итни случаи.

Пожарите загрозиле 22 населени места и зафатиле површина од речиси 9.300 хектари, соопшти службата за итни случаи додавајќи дека 120 лица биле евакуирани, пренесе „Ројтерс“.

Локалните власти изјавија дека имало вкупно 146 пожари, од кои 82 биле изгаснати.

Украинските власти соопштија дека пожарите можеби биле предизвикани од гранатирање од блиската област контролирана од проруските активисти.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Захарова: Имаме докази дека екстремисти се распоредени во Нагорно-Карабах

Русија од сопствени извори има сознанија за преместување на екстремисти во зоната на судирите во Нагорно-Карабах, изјави денеска портпаролката на...

Свет2 часа

Навални најави тужба против Песков

Рускиот опозиционер Алексеј Навални најави дека ќе го тужи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој побара наводните докази за неговата...

Македонија3 часа

Штедачите од „Еуростандард банка“ протестираа пред Собранието, бараат закон со кој државата ќе ги обештети во целост

„Вратете ги парите“, „Лопови, лопови “, „Која банка е следна?“ , „Даваме кредити без покритие“, ова беа само дел од...

Македонија5 часа

Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на...

Регион5 часа

Вучиќ: Ќе ги преиспитаме сите смртни случаи поврзани со Ковид-19

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска објави дека здравствените власти ќе ги разгледаат сите смртни случаи поврзани со коронавирусот коментирајќи ги...

Свет5 часа

Путин, Трамп и Макрон објавија заеднички став за судирот во Нагорно-Карабах

Претседателите на Русија, САД и на Франција усвоија заедничка изјава за состојбата во Нагорно-Карабах. Владимир Путин, Доналд Трамп и Емануел...

Свет6 часа

Азербејџанските сили тврдат дека уништиле ерменски ракетен систем во Нагорно-Карабах

Министерството за одбрана на Азербејџан во средата објави дека вооружените сили на земјата успеале да го деактивираат ерменскиот ракетен систем...

Македонија7 часа

Арсовски: Се разгледуваат сите можности и опции за импичмент на Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ не открива кога би можела да се очекува конечната одлука за импичмент на претседателот Стево Пендаровски, што беше навестена...

Топ8 часа

Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин. „На 22 септември,...

Регион8 часа

Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување државјани на трети земји до 12 октомври, пренесува МИА. Ограничувањата на копнените граници се...

Македонија9 часа

(Видео) Филипче побара разбирање и поддршка за одлуките во образованието

Знам дека многумина сакаат и бараат учењето да се одвива поинаку и, искрено, сите ги разбирам. Но, како здравствен работник...

Топ9 часа

Едно лице загина во сообраќајна несреќа меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во несреќата...

Македонија11 час

МОН: На првиот училиштен час нема посериозни пречки за одржување на онлајн-наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образованието, кој...

Македонија12 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија1 ден

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион1 ден

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија1 ден

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија1 ден

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион1 ден

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ1 ден

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Досие