Контакт

Европа

Јункер го предлага еврото за светска валута

Објавено пред

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја повика Европската Унија денес да ја промовира улогата на еврото како меѓународна валута, а предуслов за ова е, како што рече, продлабочувањето на економската и монетарната унија на 28-члениот блок.

„Смешно е авиокомпаниите од ЕУ да купуваат авиони во долари, ние мора целосно да го смениме тоа“, рече Јункер во годишното обраќање за состојбата на Унијата во Европскиот парламент во Стразбур.

Според него, Брисел ќе мора да се занимава со меѓународната улога на еврото до следната година.

„Мораме да направиме повеќе за да дозволиме нашата единствена валута да игра главна улога на меѓународната сцена. Пред крајот на годината Комисијата ќе претстави иницијативи за зајакнување на меѓународната улога на еврото“, рече тој.

Еврото, како што додаде, мора да стане олицетворение и инструмент за нова суверена Европа.

Европа

Макрон го повика италијанскиот претседател во официјална посета

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, го повика денеска неговиот италијански колега Серџо Матарела во официјална посета на Франција, соопшти Елисејската палата по тензијата помеѓу двете земји.

Повикот е испратен преку францускиот амбасадор кој денеска се врати во Италија, откако претходно на 7 февруари беше повлечен во Париз на консултации поради тоа што потпретседателите на италијанската влада, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, упатија критики на сметка на политиката на Макрон.

Макрон и Матарела неодамна во телефонски разговор го потврдија значењето на билатералните односи и потсетија дека Франција и Италија заедно ја изградиле Европа.

Одлуката за привремено повлекување на амбасадорот следеше по состанокот на Ди Мајо со претставници на граѓанското движење „Жолти елеци“.

Прикажи повеќе...

Европа

Илјадници ученици во Велика Британија протестираа против климатските промени

Објавено пред

Со скандирања „Спасете ја нашата планета“ илјадници ученици во Велика Британија се собраа за да побараат од британската конзервативна влада да преземе поконкретна акција во однос на климатските промени.

Демонстрантите, многумина облечени во училишните униформи, ја прескокнаа наставата и одбија да одговараат на часовите надевајќи се дека на тој начин ќе го привлечат вниманието на политичките лидери, објави агенцијата АП.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Европа не сака американски ракети, ама не смее да се буни

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, тврди дека европските земји не сакаат да гледаат американски проектили на нивна територија, но дека нивните челници не смеат да му се спротивстават на Вашингтон, пренесува агенцијата „Тасс“.

„Дали мислите дека која било од европските земји сака американски проектили со среден дострел да бидат поставени во Европа? Никој не го сака тоа, но подобро им е да си молчат. Се прашувам каде ли е нивниот суверенитет“, изјави Путин.

Тој тврди дека Европскиот парламент донесува многу повеќе обврзувачки одлуки што се однесуваат на сите земји членки на ЕУ одошто поранешниот Врховниот совет кој своевремено носел за членките на Советскиот Сојуз.

„Целосно независни земји, едноставно не постојат“, констатира рускиот претседател.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

ВМРО-ДПМНЕ на конвенција во Струга избира партиски кандидат за претседател

ВМРО-ДПМНЕ денеска на Конвенција под слоганот „За честита Македонија“ во Струга го избира партискиот кандидат за претседател на претстојните претседателски...

Македонија11 час

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од пат, лани го извлекувале на Косово

На „Дурмо турс“ не му е првпат да излета од патот. Косовските медиуми лани известиле за автобус  на оваа компанија...

Македонија11 час

Само претседателот Иванов не го промени името на државата на веб-страницата

Сите министерства и државни институции на своите веб-страници го сменија името на државата во Република Северна Македонија, освен претседателот Ѓорге...

Македонија12 часа

МВР: Не е спорно ако сопственикот на „Дурмо турс“ вршел технички преглед преку друга своја фирма

За Министерството за внатрешни работи законски нема ништо спорно во тоа што сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во исто...

Македонија13 часа

„Специјал“ им подели крофни со рок до утре на учениците во „Димитар Миладинов“  

Принцес-крофни со рок на траење до утре им биле поделени денеска како ужинка  на учениците во ООУ „Димитар Миладинов“ во...

Македонија15 часа

МВР: Преземени мерки за спречување терористички напад на ИСИС

Министерството за внатрешни работи соопшти дека презело мерки за спречување терористички напад во земјата. „По претходно разменети оперативни сознанија со...

Свет16 часа

Трамп прогласи вонредна состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба на национално ниво, истакнувајќи дека треба да се искористат вонредните овластувања за...

Македонија16 часа

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името....

Македонија17 часа

(Видео) Манчев: Автопатот Скопје – Тетово не е црна точка

Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот за „Макфакс“ изјави дека автопатот Скопје – Тетово не се смета...

Македонија18 часа

„Дурмо турс“ сам на себе си вршел технички преглед – двете фирми со ист сопственик

Исправноста на автобусите на туристичката агенција „Дурмо турс“ се проверувала во фирмата „АМЗ Гостивар“, која има ист сопственик. МВР за...

Македонија20 часа

И во МВР ќе се седи на фотелји од телешка кожа

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Бироа, фиокари, ормани, клуб-маси,...

Македонија21 час

(Видео) Лекарски конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка

Конзилиум одлучува дали да ѝ се ампутира ногата на 20-годишната пациентка, информира денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој на...

Топ21 час

(Видео) Мира Стојчевска – прв предмет на новата антикорупциска комисија

Антикорупциската комисија ќе ги проверува вработувањата на роднините на пратениците и другите функционери за кои изминатиов период имаше обвинувања за...

Македонија23 часа

Двајца патници од автобусот синоќа оперирани, тројца на скопските клиники сè уште се борат за живот

Тројца пациенти примени на скопските клиники сè уште се во критична состојба, рече Илир Хасани, директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски...

Македонија24 часа

Бесплатна психолошка помош за настраданите, за нивните семејства и за спасувачите

Настраданите во трагичната несреќа на автобусот од Гостивар, нивните семејства и учесниците во спасувањето ќе добијат можност за бесплатна психолошка...

Македонија1 ден

Втор ден на жалост по автобуската несреќа

Во земјата денеска е втор ден на жалост по автобуската несреќа што се случи пред два дена на патот Скопје-Тетово,...

Свет1 ден

Британски „Скај њуз“ идентификува трет осомничен во случајот „Скрипал“

Британскиот телевизиски канал „Скај њуз“ идентификува трет осомничен за минатогодишното труење на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка...

Свет1 ден

Кремљ ги нарече рекетирање американските санкции против руските енергетски проекти

Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на...

Свет1 ден

Американскиот конгрес одобри средства за градење на оградата со Мексико

Претставничкиот дом на САД во четвртокот со 300 гласа „за“ и 128 гласа „против“ го одобри федералниот Закон за финансирање...

Македонија2 дена

Тројца од повредените во автобуската несреќа се во животна опасност

Во критична состојба се наоѓаат тројца од осумте хоспитализирани на скопските хируршки клиники, кои настрадаа во автобуската несреќа, што се...

Досие