Европа
Богат Русин ја тужеше Хрватска; поради блокада на јахтата, бара повеќе од 35 милиони евра
Против Република Хрватска е поднесена тужба тешка над 35 милиони евра поради одземање на јахтата „Ројал Романс“ во сопственост на компанијата „Ланелија холдингс“, зад која стои рускиот претприемач Алексеј Инкин. Медиумот „Н1“ ја пренесува хронологијата на настаните.
Јахтата е блокирана во пристаништето Трогир на барање на украинското Обвинителство. Тоа ја поврзува со Виктор Медведчук, руски тајкун против кого во Украина се води предистражна постапка. Блокадата на јахтата е побарана за да се врати наводната штета предизвикана од Медведчук.
Случајот е исклучително сложен и досега во јавноста имаше многу сомнителни информации за него. Се шпекулира дека бродот бил блокиран поради меѓународните санкции наметнати на Русија по агресијата врз Украина, но адвокатите на Инкин тврдат дека „Ројал Романс“ била задржана во Хрватска како дел од процесот против Медведчук.
Украинското Обвинителство, наведуваат понатаму адвокатите, го обвинува за велепредавство, поточно за склучување скапи договори за откуп на јаглен уште во 2015 година. Иако оваа истрага трае од 2016 година, судењето сè уште не е одржано, а во 2022 година украинското Обвинителство издаде барање за блокирање на луксузната јахта, која повеќе не е на Медведчук, туку на Инкин.
Јахтата е во пристаништето Трогир веќе речиси две години, а Инкин смета дека Хрватска немала причина да му го одземе луксузниот брод. Тој смета дека за две години е оштетен за повеќе од 35 милиони евра откако незаконски му се ограничува имотот. Тој морал да ја одржува јахтата, чија вредност се проценува на речиси 130 милиони евра и да го плати закотвувањето во марината Трогир, а не можел да ја изнајмува како што планирал.
Затоа, велат адвокатите, трошокот надминал 35 милиони евра, што Инкин ги прецизирал во тужбата против Хрватска.
Интересно е што за овој случај со месеци се шират разни неофицијални информации – од оние дека се работи за јахта што е блокирана поради санкции кон одредени руски тајкуни, дека хрватските власти вршат притисок на судот да ѝ ја предаде на Украина, на оние дека предавањето на Украина е веќе решено иако, како што потврди судот, е донесена неважечка одлука.
Инаку, Медведчук беше украински олигарх и личен пријател на Владимир Путин. По руската агресија врз Украина, тој се криеше во Киев, но на крајот беше обвинет за велепредавство поради бизнисот со јаглен. Тој беше разменет за група украински затвореници, а сега живее во Русија, иако случајот против него, поради економски малверзации, во Украина трае повеќе од седум години.
Доколку навистина јахтата ѝ биде предадена на Украина, адвокатите на Инкин најавуваат дека ќе ја дополнат тужбата со целата сума од нејзината вредност од 130 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени
Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Неколку лица се уапсени и поведена е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата, која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, се наведува во објавата на полицијата на својата веб-страница.
„Ројтерс“ сѐ уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
Европа
Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта
Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа беше првиот голем атентат на европски политички лидер во повеќе од 20 години и наиде на меѓународна осуда.
Политичките аналитичари и пратеници велат дека тоа ја разоткри сè пожешката и поларизирана политичка клима во Словачка и во Европа.
„Се молиме за премиерот и навиваме за Словачка“, рече Орбан. „Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“.
Орбан рече дека дури и ако Фицо закрепне, тој нема да работи со месеци во критично време пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на следниот месец.
„Ни претстојат избори што ќе одлучуваат не само за пратениците во Европскиот парламент туку заедно со изборите во САД тие може да ги одредат текот на војната и мирот во Европа“, рече Орбан.
„Во таа ситуација навистина ќе ни требаат Роберт Фицо и Словачка, која се залага за мир“, додаде тој.
Европа
(Видео) По масовните напади на Крим, сателитските снимки откриваат уништени руски авиони и оштетени згради
Сателитските снимки до кои дојде Си-ен-ен покажуваат три уништени руски авиони и оштетени згради во воздухопловната база Белбек во Севастопол во средата. Станува збор за пресретнувачи „микојан миг-31“ и борбени авиони „сухој су-27“.
Сателитските снимки од Максар покажуваат два изгорени авиона на главната писта кај Белбек, а третиот е паркиран на заштитен насип. Сателитските снимки покажуваат и уништена зграда во близина и друга која претрпела значителна штета.
On @Maxar imagery, two MiG-31s and one Su-27 have been completely destroyed, and a MiG-29 damaged, at the Russian Air Force’s Belbek Airbase in occupied Crimea. A fuel storage near the main airbase runway was also destroyed, and debris continued to burn in the aftermath. https://t.co/ZWflMYUFVw pic.twitter.com/80N56MRP2h
— Christiaan Triebert (@trbrtc) May 16, 2024
Михаил Развозаев, гувернерот на Севастопол назначен од Русија, утринава преку „Телеграм“ изјави дека Русите „успешно одбиле масовен непријателски напад врз Севастопол“. Вторпат Белбек е цел на Украинците во последните 48 часа.
Запрашан за украинскиот напад на Белбек, Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската војска, вчера изјави: „Во моментот не можеме да објавиме никакви детали бидејќи во овој момент нема проверени информации“.