Европа
Бројот на загинати во свлечиштето во Италија се искачи на седум

Бројот на загинати во свлечиштето што започна на италијанскиот остров Искија на југот на земјата се искачи на седум лица. Десет лица се водат како исчезнати, а стотици се евакуирани од своите домови, објавија денеска локалните власти, пренесува Анадолија.
По вонредната седница на италијанската Влада одржана утринава, премиерот Џорџа Мелони прогласи вонредна состојба на островот поради „вонредни поплави и лизгање на земјиштето“.
Владата обезбеди два милиони евра помош за локалното население, се наведува во соопштението.
Спасувачките операции се уште се во тек во областа Казамичиола Терме, но тешките временски услови ја отежнаа потрагата, објави италијанската Цивилна заштита.
Денеска спасувачките екипи пронајдоа шест тела, меѓу кои и една млада девојка.
Спасувачите уште еден ден ги пребаруваат калта и урнатините, обидувајќи се да ги пронајдат луѓето кои се исчезнати.
Огромен одрон го погоди популарниот остров пред зори во саботата, по обилните врнежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин