Европа
(Видео) Голем пожар во близина на Москва, огнот од магацинот се проширил и на зградата

Пожар избувна во магацин на градежни материјали во Московската област, јавува руското Министерство за вонредни ситуации. „Во село Родники пожар зафатил магацин со градежен материјал од 700 квадратни метри“, се наведува во извештајот.
A fire at a building materials warehouse in Rodniki near Moscow “spread” to a neighboring building. The roof collapsed at warehouse itself.
The container with fuel and lubricants was depressurized, it spilled and caught fire on 400 square meters.pic.twitter.com/lpSK7TXcSi
— Гакрукс (@Gakruks1) March 11, 2024
Според првичните податоци, нема жртви. Дошло до уривање на покривот, а пожарот се проширил и на блиската управна зграда. Во моментот гори површина од 100 квадратни метри.
A warehouse of building materials is on fire in the village of Rodniky, Moscow region. The area of the fire is estimated at 1000m² and expanding.
Preliminary info states the cause is an unextinguished cigarette. I am not kidding. pic.twitter.com/8a6XlY38eM
— NOELREPORTS
![]()
(@NOELreports) March 11, 2024
На местото беше испратена мобилна лабораторија за следење на мерењата на штетните материи во воздухот. Обвинителството на Московскиот регион потврди за државната новинска агенција ТАСС дека го следи утврдувањето на сите околности на инцидентот, како и напредокот и резултатите од прелиминарната истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шефот на НАТО за мировниот договор: Топката е јасно на теренот на Русија

Русија веројатно нема да може да им диктира услови на САД за прекин на огнот во војната во Украина, но руското раководство навистина треба да стори повеќе за „да стави крај на оваа војна“, рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте во интервју за „Си-би-ес Њуз“.
Според него, по неодамнешните преговори во Вашингтон, на кои учествуваше пратеникот на Кремљ, Дмитриев, „топката очигледно е на теренот на Русија“.
„Тие не се движат доволно брзо. Мојот впечаток, вклучително и впечатокот што го добивам од моите американски соговорници, е дека Русија навистина треба да направи повеќе за да стави крај на оваа војна“, рече Руте.
Во исто време, тој истакна дека поради американскиот претседател Доналд Трамп „се преселивме од мртва точка“ во однос на војната во Украина.
„И јас сум му благодарен за тоа. Морам да кажам дека сојузниците овде, во последните неколку дена на средби со министрите за надворешни работи, целосно ги поддржуваат напорите на САД да ја доведат оваа војна до праведен и траен крај“, нагласи генералниот секретар на НАТО.
Сепак, Руте не е сигурен дека рускиот претседател Владимир Путин сериозно размислува да стави крај на неговата голема воена агресија против Украина. „Мислам дека ова сега е тест“, заклучи Руте.
Европа
Руски сериски убиец осуден за убиство на 48 луѓе, подготвен е да признае уште 11 убиства

Руски сериски убиец осуден на доживотен затвор за убиство на 48 луѓе е подготвен да признае уште 11 убиства, соопшти руската затворска служба.
50-годишниот Александар Пичушкин целел на жртвите – главно бездомници, алкохоличари или постари лица – околу московскиот парк Бицијевски. Неговиот убиствен поход траеше од 1992 до 2006 година, а потоа му беше судено во 2007 година.
Руските медиуми го нарекоа „шаховски убиец“ бидејќи на детективите им кажал дека за секое убиство планирал да стави паричка на еден од 64-те квадрати на шаховската табла. Серискиот убиец се наоѓа во затвор на рускиот Арктик од неговото осудување.
Долго време се претпоставуваше дека тој убил повеќе луѓе од 48-те за чии убиства веќе е осуден. Тој сега им кажал на истражителите дека е подготвен да признае уште 11 убиства на мажи и жени, соопшти руската затворска служба на социјалната мрежа Телеграм.
За време на претходното судење, тој тврдеше дека убил 63 лица, но беше обвинет само за 48 убиства и три обиди за убиство. Доколку биде осуден за дополнителни 11 убиства, тој ќе стане вториот најсмртоносен сериски убиец во Русија. Михаил Попков, поранешен полицаец, е осуден за 78 убиства.
Европа
Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Европската унија е подготвена да ги брани своите интереси со пропорционални контрамерки на тарифите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по телефонскиот разговор со британскиот премиер Кир Стармер.
Таа најави дека ЕУ ќе соработува со своите партнери за да ја постигне таа цел, пренесува Ројтерс.
Фон дер Лајен истакна дека 27-те земји-членки на ЕУ се посветени на блиска соработка со Велика Британија во областа на безбедноста и одбраната и изрази загриженост за Русија, која, според неа, ги попречува мировните напори во Украина.
Претседателот на Европската комисија на 24 април во Лондон ќе се сретне и со британскиот премиер Стармер по повод Меѓународниот самит за иднината на енергетската безбедност.
Во саботата стапија на сила основните царини од 10 отсто за целиот увоз во САД.
Од Европската унија беше најавено дека земјите-членки во среда треба да гласаат за контрамерки на американските царини за челик и алуминиум, пренесува Танјуг.