Европа
(Видео) Партизаните објавија снимка: „Зазедовме руско село, војниците на Путин бегаат“

Борците на Легијата на слободата на Русија, рускиот волонтерски корпус и сибирскиот баталјон известија дека влегле на граничната територија на Русија. На социјалните мрежи се шират снимки од наводни борби во кои се слушаат истрели и експлозии. Илја Пономарев, руски опозиционер и поранешен пратеник во државната Дума, ги потврди извештаите за жестоки борби.
Според објавите на партизаните на социјалните мрежи, тие зазеле село. Споделени се и неколку снимки.
„Селото Теткино во Курската област е целосно под контрола на руските ослободителни сили. Војската на Путин бега од селото оставајќи тешка опрема зад себе“, беше објавено на каналот на Легијата за слобода на Русија.
Just imagine if all donations sent to Navalny’s foundation to make YouTube videos and fund ACF board members’ life in the EU, went to Legion Free Russia and Russian Volunteers Corps to purchase equipment (video: Russian occupation army runs away from the Real Russian Opposition). pic.twitter.com/KAHLXwAc4h
— Sergej Sumlenny, LL.M (@sumlenny) March 12, 2024
На видеото се гледа како неколку војници бегаат.
Слични информации се дадени на каналот на рускиот волонтерски корпус. „Војниците на Путин бегаат. Населбите, опремата и, пред сè, граѓаните на Руската Федерација, се оставени, напуштени“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.