Европа
(Видео) Руски проектил погоди продавница и кафуле, каде на комеморација присуствувале 60 луѓе
Украинскиот министер Ихор Клименко извести дека руската ракета која денеска уби 49 лица во селото Хроза кај градот Купјанск погоди продавница во близина на кафуле во кое се одржуваше комеморација за жител на селото кој неодамна загина.
During the missile attack, a funeral dinner was taking place at the cafe in the village of Hroza. There were 60 guests in total. There may still be people trapped under the rubble, said Minister of Internal Affairs Ihor Klymenko.
"The village population was only 330 residents.… pic.twitter.com/M1UJXon5He
— Hromadske Int. (@Hromadske) October 5, 2023
Тој додаде дека во реонот на експлозијата имало околу 60 жители на селото.
„На комеморацијата имаше по едно лице од секое семејство“, рече Клименко, додавајќи дека досега се идентификувани 29 од 49 убиени.
Во целото село живееле околу 330 луѓе, рече министерот.
Тој исто така рече дека полицијата се сомнева дека локален жител на селото ја информирал руската војска дека во кафулето се одржува масовен собир, но не соопшти повеќе детали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Франција го менува законот за силување по случајот со Жизел Пелико
Сенаторите вчера ги одобрија измените во францускиот закон за силување што би вклучувале експлицитна согласност, со што законодавството на земјата ќе се усогласи со повеќе од десетина други европски земји, во потег што доби нов импулс од судењето за масовно силување на Жизел Пелико.
Францускиот кривичен закон претходно го дефинираше силувањето како чин на пенетрација или орален секс извршен со употреба на „сила, принуда, закана или изненадување“. Законот не ја споменуваше експлицитно потребата од согласност, а обвинителите мораа да докажат намера за извршување силување за да обезбедат осуда.
Во декември минатата година, сопругот на Жизел Пелико призна пред суд во јужна Франција дека постојано ја дрогирал сопругата и регрутирал десетици мажи преку интернет за да ја силуваат додека таа била во несвест.
Најмалку 35 од обвинетите на Доминик Пелико ги негираа обвиненијата за силување, тврдејќи пред судот дека учествувале во сексуална игра или дека Жизел Пелико се преправала дека спие.
Сите беа прогласени за виновни, но нивните обиди да избегнат казна фрлија светлина врз сивата зона во законот.
Новиот закон, кој треба да го потпише претседателот Емануел Макрон пред да стапи во сила, наведува дека согласноста мора да биде „слободно дадена и информирана… и може да се повлече“. Согласноста мора да се процени „во светлината на околностите“ и „не може да се претпостави само врз основа на молчењето на жртвата или недостатокот на отпор“, се наведува во законот.
Правните експерти истакнуваат дека оваа промена ќе го олесни добивањето пресуди за силување, бидејќи повеќе нема да биде потребно да се докажува употребата на сила или намера, туку само дека жртвата не дала слободна и информирана согласност.
Ревидираната дефиниција треба да помогне во обезбедувањето пресуди, изјави за Ројтерс правен експерт и застапник за новиот закон, Катрин Ле Магерес.
„(Претходно) ако можеше да се покаже дека во случајот нема согласност, но напаѓачот не употребил насилство, принуда, закана или изненадување, тоа лице не можеше да биде прогласено за виновно“, рече таа.
Дефиницијата заснована на согласност би можела да помогне и во едукацијата на младите мажи и жени за „заемната желба“.
Франција им се придружува на Шведска, Германија, Шпанија, Велика Британија и голем број други европски земји кои веќе имаат закони за силување засновани на согласност. Подемот на феминистичкото движење #MeToo предизвика законски реформи во некои земји од 2017 година.
фото: принтскрин
Европа
Словачка сепак нема да воведе ограничувања на брзината за пешаците
Словачки пратеник разјасни дека пешаците нема да бидат предмет на ограничувања на брзината на тротоарите, откако политичката дебата во вторник попладне резултираше со конфузија и исмејување.
Парламентот во Братислава требаше да усвои измени на законот за сообраќај во вторник со кои ќе се ограничи максималната брзина на пешаците на тротоарите во урбаните средини во Словачка на 6 километри на час со цел да се спречат несреќи.
Пратеникот Љубомир Важни, кој го состави амандманот, синоќа за јавната телевизија STVR изјави дека критиката се базира на недоразбирање, додавајќи дека ограничувањето на брзината не се однесува на пешаците што одат по тротоарите, туку на другите учесници во сообраќајот.
Тој објасни дека целта на амандманот е да се заштитат пешаците со тоа што ќе се обезбеди дека ролерите, велосипедистите и електричните тротинети не се движат значително побрзо по тротоарите од пешаците.
Амандманот, усвоен од парламентарното мнозинство во вторник, за прв пат дефинира „брзина на одење“ од 6 километри на час и ја поставува како ограничување на брзината за сите оние на кои им е дозволено да користат тротоари под одредени услови.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Европејците сакаат да започнат војна, ние не сакаме да се бориме
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија.
„Опасноста од ширење на војната е поголема од кога било. Европејците сакаат да започнат војна. И ние сме Европејци, но не сакаме да се бориме“, рече Орбан во видео порака емитувана од телевизискиот канал М1.
„Почнуваме антивоена кампања“, рече тој, додавајќи дека заедно со поддржувачите на мирот ќе одржи „серија антивоени акции“ низ целата земја. Според него, акциите ќе започнат на 15 ноември од градот Ѓер во северозападна Унгарија.
„Да му покажеме на целиот свет дека Унгарија не сака војна“, им се обрати Орбан на своите сонародници.
Тој потсети дека на 23 октомври во Будимпешта се одржаа Марш на мирот и антивоен митинг, на кој, според организаторите, се собраа 80.000 луѓе. „Мировниот марш беше фантастичен успех. Многумина од нас се изјаснија против војната и за мир. Ви благодариме на сите што бевте таму“, рече Орбан.
Се огласи и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој рече дека дефинитивно ќе се приклучи на антивоената кампања и ќе присуствува на митингот во Ѓер.
фото: принтскрин

