Европа
(Видео) Скандал во Варшава: рускиот амбасадор спречен да положи цвеќе на воените гробишта
Гневна толпа го спречила рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андреев, да положи венец на воените гробишта на советските војници во Варшава на Денот на победата, пренесува „РИА новости“.
Неколку стотици демонстранти го чекаа амбасадорот од утрото, а претходно пред Мавзолејот на советските војници поставија украински знамиња и симболични гробови со имињата на украинските цивили што загинаа во војната во Украина – меѓу кои има и деца – облеани со црвена боја.
Рано утринава активисти од иницијативата „Евромајдан – Варшава“ пуштале звуци од сирените и бомбардирањата на украинските градови во населба во која живеат руски дипломати.

Толпата ја опколила руската делегација, која пристигнала на гробиштата на церемонијата утринава и побарала од Андреев и од другите во делегацијата да ги тргнат лентите на свети Ѓорѓија, кои во Русија се симбол на победата во Втората светска војна.
Амбасадорот одбил да ја симне лентата и морал да ги напушти гробиштата, без да положи венец. Во изјавата за РИА, Андреев рекол дека не бил повреден за време на инцидентот.
„Овој пат јасно е дека имаше прецизна директива, а полицијата нè опколи, па демонстрантите не стигнаа до нас“, рече шефот на дипломатската мисија.
На видеото објавено од „РИА новости“ е снимен моментот кога Андреев бил опколен од демонстранти што извикувале антируски слогани. На гробиштата е забележливо големо медиумско присуство, а локалните новинари очигледно очекувале инцидент.
Според Андреев, тој му се обратил на висок полициски службеник на церемонијата со прашање дали тоа што се случува е во согласност со законот.
Полицискиот службеник му рекол дека „се случува официјален настан санкциониран од кабинетот на градоначалникот“, дека демонстрантите не го кршат законот и му советувал да си замине и да се врати во друга пригода.
Андреев истакна дека оваа непријатна епизода нема да ги исфрли од колосек руските дипломати.
„Без разлика какви провокации приредуваат нашите злонамерници, ова секогаш ќе биде наш празник, ова е наша победа и победата секогаш ќе биде наша“, истакна рускиот амбасадор.
Претходно утринава, шефот на Бирото за меѓународна политика во кабинетот на полскиот претседател, Марчин Пжидач, изјави за „ТВН24“ дека полските власти ја сметаат желбата на Андреев да положи цвеќе на спомен-гробиштата за провокација и изрази надеж дека тоа нема да се случи.
Пжидач исто така не ја исклучи можноста за меѓусебно отповикување на амбасадорите со Русија во блиска иднина.
Минатата година Андреев беше нападнат и полеан со црвена боја додека се обидуваше да им оддаде почит на советските војници, кои ги загубија животите ослободувајќи ја Полска.
Во операциите за ослободување на Полска од германската окупација на крајот на Втората светска војна, според процените на историчарите, загинале околу 660.000 советски војници, во соседна Чехословачка околу 150.000.
Претседателот на Чешката Република, Петр Павел, во понеделникот им оддаде почит на паднатите советски војници и апелира Чесите да се сеќаваат на нив и да не им ја префрлаат вината за она што Русија го прави денес бидејќи благодарение на паднатите советски војници Чесите денес живеат нормално во слобода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

