Европа
(Видео) Украински министер: Ако Соколов е мртов, тоа е добра вест

„Ако шефот на руската Црноморска флота е мртов, тоа е добра вест“, изјави украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, за Си-ен-ен.
Admiral Viktor Sokolov appeared in footage of a board meeting of the Russian Ministry of Defence, reportedly on 26 September 2023. pic.twitter.com/01ennBvekE
— KIU • Russian Officers killed in Ukraine 🇨🇿🇺🇦 (@KilledInUkraine) September 26, 2023
За потсетување, Украинците тврдат дека го убиле адмиралот Виктор Соколов во петокот во напад на штабот на флотата на Крим.
Russia’s Defense Ministry releases a video (via @rianru) of top officers meeting with Shoigu, and says Black Sea Fleet commander, Admiral Viktor Sokolov– whom Ukraine claims was killed in a Sevastopol missile strike last week — is present. pic.twitter.com/kmw6BUeYhH
— Mike Eckel (@Mike_Eckel) September 26, 2023
Вчера, руското Министерство за одбрана објави видео од човек што личи на Соколов како се придружува на состанок преку видеоврска.
The Russian MOD released a video of top military officials meeting with Shoigu, including a short clip showing the commander of the Black Sea Fleet, Admiral Viktor Sokolov, appearing on video conference.
Ukraine claimed he was killed in a strike in Sevastopol last week. pic.twitter.com/xUO0a2xIP3
— Moshe Schwartz (@YWNReporter) September 26, 2023
„Тој е на нашите привремено окупирани територии… воопшто не треба да биде таму. Значи, ако е мртов, добра вест за сите е дека продолжуваме со деокупација на нашата територија“, рече Умеров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Мелони застана во одбрана на Ле Пен: „Им се одземаат правата на милиони граѓани“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја критикува одлуката на францускиот суд со која ѝ се забранува на лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.
„Не ги знам деталите за обвиненијата против Марин Ле Пен, ниту причините за ваквата сурова одлука, но мислам дека никој што се грижи за демократијата не може да се радува на пресуда што ќе влијае на лидерот на голема партија и ќе ги лиши правата на милиони граѓани“, рече Мелони во интервју за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.
Мелони, која важи за најмоќниот десничарски лидер во Европа, со оваа изјава застана во одбрана на француската политичарка, која во понеделникот од парискиот суд беше прогласена за виновна за проневера на средства на Европската Унија.
Ле Пен е осудена на четири години затвор, од кои две ќе поминат под електронски мониторинг во домашен притвор, а две години се условни. Покрај тоа, таа е казнета со 100.000 евра и забрана за учество на избори во следните пет години.
Европа
Земјотрес ја погоди Италија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес, вторник, 1 април 2025 година, во 3.30 часот во Италија.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 6 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Европа
Од утре нови правила за Европејците за влез во Обединетото Кралство

На европските граѓани кои патуваат во Обединетото Кралство од утре ќе им треба дигитална пропусница за да влезат во земјата, што според британската влада ќе ја зајакне безбедноста на границите.
Електронското овластување за патување (ЕТА) може да се купи онлајн за 10 фунти (12 евра) во наредните денови, а од 9 април цената ќе се зголеми на 16 фунти (19 евра).
Дозволата ќе биде задолжителна за сите Европејци кои сакаат да ја посетат Велика Британија од 2 април, откако истата пропусница беше воведена во јануари за граѓаните на САД, Канада и други земји на кои не им е потребна виза.
Слична дозвола за влез во земјата имаат и САД.
„Со дигитализирање на системот за имиграција, го отвораме патот за бесконтактни гранични премини во ОК“, рече министерката за миграција Сема Малхотра претходно овој месец, кога беше отворена веб-страницата за првите апликации.
Таа додаде дека проширувањето на ЕТА во земјите ширум светот „ја зајакнува посветеноста за подобрување на безбедноста преку технологија и иновации“.
Документот дозволува посети до шест месеци и важи две години. Тоа е задолжително за сите патници, вклучително и малолетни и новороденчиња.
Пропусницата може да се добие од апликација за паметни телефони или од владината веб-страница, а на Европејците им е достапна од почетокот на март.
Почнувајќи од среда, граѓаните на околу триесет европски земји, вклучително и целата ЕУ со исклучок на Ирска, ќе треба да имаат електронска дозвола за влез во Обединетото Кралство, кое ја напушти ЕУ во 2020 година. Апликантот мора да приложи фотографија од пасош и од лицето. Процесот трае околу десет минути, информираат од британското Министерство за внатрешни работи.
Во повеќето случаи, одлуката за апликацијата се носи во рок од неколку минути, но можно е да се чека и до три работни дена, велат од Владата.
Доколку апликацијата се обработи успешно, ЕТА е дигитално поврзана со пасошот на апликантот.
Патниците кои претстојуваат на аеродроми без да ја поминат границата со ОК се ослободени од оваа програма. Ова беше направено по притисокот од Хитроу, најпрометниот аеродром во Европа, кој стравуваше од губење на бројот на патници.