Европа
(Видео) Четворица мртви во белгиски Лиеж, напаѓачот еден час се криел во полно училиште
Во белгискиот град Лиеж денеска неидентификуван напаѓач убил двајца полицајци и еден случаен минувач и киднапрал жена пред конечно да биде ликвидиран од страна на органите на редот.
Coups de feu à Liège, évacuation du boulevard d’Avroy. Beaucoup de voitures de police sur place + secours #Avroy #Liege #gunshot pic.twitter.com/CLXo16nST3
— Victor ⌬ (@VICTORJ_FR) May 29, 2018
Киднапирањето се случило во локално средно училиште, а за време на инцидентот центарот на градот бил под полициска опсада. Белгиските медиуми објавија дека напаѓачот најпрво пукал во полицајци, а потоа избегал во училишната зграда каде што киднапирал една жена, по што објектот бил целосно заклучен.
По едночасовна драма, напаѓачот бил убиен, а децата кои биле во училиштето се безбедни. Певеќето белгиски медиуми исто така пренесоа дека во моментите пред неговата смрт, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.
Снимките од местото на настанот кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат голем број амбулантни возила на булеварот Авро.
#Liège Boulevard bloqué. Les ambulances viennent de sortir du périmètre sous escorte. pic.twitter.com/Kr8umoZU2h
— Mathieu (@M_Louv) May 29, 2018
Белгискиот министер за внатрешни работи, Жан Жамбон, истакна дека Кризниот центар за операции против тероризмот ја надгледува ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

