Европа
Германија се подготвува да испорача воени возила на Украина

Германската компанија за наменска индустрија „Реинметал“ побара одобрение за извоз на 100 стари борбени пешадиски возила „Мардер“ во Украина.
Во денешниот извештај на Ројтерс, кој се повикува на извор во германското Министерство за одбрана, а кој претходно го објави неделникот Велт ам Зонтаг, компанијата во моментов бара извозна дозвола за возила во сегашната состојба, но со план да ги обнови во наредните месеци.испорачана во Украина.
Овој извоз ќе треба да биде одобрен од германскиот Комитет за национална безбедност, комитет со кој на тајни седници претседава канцеларот Олаф Шолц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германија: Русија се соочува со построги санкции ако одбие примирје

Русија ќе се соочи со многу построги санкции ако го отфрли 30-дневниот прекин на огнот што го бара Западот, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во интервју објавено во саботата.
Доколку Путин не се согласи на прекин на огнот, „ќе следи масовно заострување на санкциите, а масовната помош за Украина ќе продолжи – политички, се разбира, но и финансиски и воено“, изјави Мерц за „Билд“.
„Се согласуваме со американската влада, со Доналд Трамп. Бараме 30-дневен прекин на огнот за да можат да се подготват мировни преговори во тој период“, додаде тој. „Топката сега е во дворот на Путин. Путин мора да одговори на оваа понуда.“
Европа
Медведев: Наместо да зборуваат за мир, тие ѝ се закануваат на Русија

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев реагираше на веста за собирот на европските лидери во Киев.
„Макрон, Мерц, Стармер и Туск требаше да разговараат за мир во Киев. Наместо тоа, тие упатуваат закани до Русија.
Или примирје за бандеровските орди да дојдат до здив или нови санкции. Мислите дека тоа е паметно? Ставете си ги тие ваши мировни планови во вашиот за*ник“, напиша Медведев на социјалните мрежи.
Европа
Зеленски и лидерите на најмоќните европски земји разговараа со Трамп

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска утрово пристигнаа во Киев, каде што му се придружија на украинскиот претседател Володимир Зеленски и имаа телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Тема на разговорот беше можноста за постигнување мировен договор со Русија.
Кир Стармер, Емануел Макрон и Фридрих Мерц пристигнаа во Киев со истиот воз, додека полскиот премиер Доналд Туск пристигна одделно. Тие одржаа состанок со Зеленски во центарот на Киев, по што се придружија на заеднички телефонски разговор со Трамп.
„Сите лидери имаа суштински разговор со претседателот на САД, фокусиран на мировните напори“, објави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалната мрежа Икс, заедно со фотографија од петте лидери како седат со мобилен телефон.
Според новинската агенција ПА, разговорот меѓу Зеленски, четворица европски лидери и Доналд Трамп бил непланиран, траел околу 20 минути и бил опишан како „срдечен“ од извор од британската делегација.
Сибиха понатаму изјави дека Украина и нејзините сојузници се подготвени веднаш, почнувајќи од понеделник, да прифатат целосно и безусловно примирје на копно, море и воздух, во траење од најмалку 30 дена. Доколку Русија се согласи и се обезбеди ефикасна контрола на прекинот на огнот, ова би можело да го отвори патот за сериозни мировни преговори, според Киев.