Европа
ЕУ поттикнува користење на еврото наспроти доларот како валута за трговија со енергија
Европската Унија се сложи да состави група со цел да се бори против монополот на американскиот долар во трговијата со нафта, а со тоа да го промовира и еврото како валута на трговија со енергија.
Индустриската група ќе биде составена од извршни органи од европски фирми за нафта и гас, како австриската ОМБ, италијанската „Ени“, белгиската „Флуксис“ и француската „Енги“. Според европските медиуми, средбата на овие управители ќе се случи во Европската комисија во Брисел и ќе биде од затворен тип.
„ЕУ е најголемиот увозник на енергија во светот, со годишен увоз кој во просек изнесува 300 милијарди евра, според податоците од последните пет години. Околу 85 отсто од овој износ бил платен во долари“, вели ЕК.
ЕУ има цел да направи промена на пазарот со тоа што учесниците на оваа средба ќе разговараат за тоа како да се фокусираат на алтернативите, односно употребата на еврото во замена за доларот.
Во декември ЕК го најави својот план за усвојување на предлогот во врска со меѓународната улога на еврото во секторот за енергија, со што ја промовира употребата на еврото во овој стратешки сектор.
„Зајакнувањето на меѓународната улога на еврото во полето на енергетската инвестиција и трговија ќе го намали ризикот за дупки во понудите, но и ќе поттикне автономија на европските бизниси. Со тоа ќе придонесеме за сигурноста на енергетската понуда во Унијата“, изјави Мигел Аријас Канете, еврокомесарот за клима и енергетика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

