Европа
„Нѐ напаѓаат од сите страни“: Русите ги нападнаа Украинците од неколку правци во градот Маринка

Руските сили напаѓаат речиси на сите делови од фронтот, а во изминатите 24 часа најжестоки борби се водеа во правец на Маринка, каде што украинските војници одбија повеќе од 20 напади, соопштија од Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Украинските сили ги одбија руските напади во правец на Купјанск и продолжуваат со офанзивните операции јужно од Бахмут, јавува агенцијата „Унијан“.
Руските војници не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдевка, но украинските војници цврсто ја држат одбраната, се вели во соопштението.
Се додава дека руските напади биле одбиени и во правец на Запорожје, а украинските одбранбени сили продолжуваат со офанзивната операција во правец на Мелитопол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Пукање во Шведска, најмалку тројца убиени

Најмалку три лица се убиени во пукотница во фризерски салон во градот Упсала, потврди шведската полиција. Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани кои пријавиле истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот.
Пукањето се случило во пресрет на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година. Според полицијата, неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани.
Shocking news from Uppsala-Sweden
Multiple fatalities in a shooting at Vaksala Square. Police confirm several injured, TV4 reports more victims deceased. Serious incident unfolding. #UppsalaShooting pic.twitter.com/nGPTd05Tmw— Niyak Ghorbani (نیاک) (@GhorbaniiNiyak) April 29, 2025
Шведските медиуми јавуваат дека маскираниот убиец избегал со електричен скутер и дека е во тек голема потрага, вклучувајќи го и учеството на полициски хеликоптер.
Голем дел од областа е ограден, а истрагата е во тек. Портпаролот на полицијата, Магнус Јансон Кларин, за локалните медиуми изјави дека добиле повеќе пријави за истрели во областа.
Идентитетите на жртвите и напаѓачот засега не се познати, ниту пак мотивот за нападот.
Европа
Пациент во Полска уби лекар среде болница, бил незадоволен од третманот

Пациент во болница во Полска, незадоволен од начинот на кој бил лекуван таму, избодел лекар кој подоцна им подлегнал на повредите, соопшти денес Министерството за здравство. Полицијата извести дека осомничениот утрината упаднал на Одделот за ортопедија на Универзитетската болница во Краков и влегол во ординацијата каде што биле докторот и неговиот пациент.
Мажот неколку пати со остар предмет го избодел лекарот, ортопедски хирург, во стомакот. Иако повеќе од 20 колеги и медицински сестри веднаш се обиделе да му пружат помош на докторот, тој им подлегнал на тешките повреди.
Обезбедувањето на болницата го совладало напаѓачот, а потоа тој е приведен.
Директорот на болницата, Марцин Једриховски, за новинската агенција ПАП изјави дека пациентот нападнал лекар во болницата каде што претходно бил лекуван бидејќи не бил задоволен од третманот, а претходно поднел жалба против болницата до омбудсманот за права на пациентите.
Сепак, инспекцијата не открила никакви грешки во методот на лекување. Полската министерка за здравство Изабела Лешчина изјави дека е згрозена од нападот.
Европа
Бројот на кардинали кои ќе го изберат новиот папа е намален

Бројот на кардинални електори кои ќе го изберат наследникот на починатиот папа Францискo се намали на 133 откако двајца кардинали изјавија дека не можат да дојдат во Рим поради здравствени проблеми, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.
Бруни, директор на прес-службата на Ватикан, не ги објави имињата на двајцата отсутни кардинали бидејќи тие се борат со здравствени проблеми.
Италијанскиот кардинал Анџело Бечиу, кој денес објави дека дефинитивно нема да биде на конклавата бидејќи првично бил осуден за проневера, не бил ниту вброен меѓу 135-те кардинални електори.
Конклавата ќе почне на 7 мај. За избор на нов папа е потребно двотретинско мнозинство.