Европа
ОБСЕ бара начини да го заобиколи руското вето
Одбивањето на Русија да соработува во рамките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ги принудува нејзините преостанати членки да го приспособат својот начин на работа, пишува „Еурактив.“
„Кога Русија крева барикади, веќе нема обиди за придржување до правилата за процедура, кои беа формулирани кога работевме како организација заснована на консензус“, вели американскиот амбасадор во ОБСЕ, Мајкл Карпентер.
Во изминатите неколку месеци Москва го попречуваше одобрувањето на буџетот на ОБСЕ загрозувајќи ги активностите што 57-членото безбедносно тело ги води во целиот свет.
Основана за време на Студената војна, ОБСЕ служи како единствена европска безбедносна платформа, која ги обединува Европејците, Русија и САД и главно е вклучена во спречување конфликти, мониторинг на мирот и набљудување на изборите.
Претседателот на руската Дума, Вјачеслав Володин, во април ја најави одлуката на Русија да го суспендира плаќањето на придонесите за 2023 година и со надоместот што го плати во 2022 година да ја префати и оваа година.
„Не треба да плаќаме за она во што не сме учествувале. Ако дополнително бидеме спречени да работиме годинава, ќе бараме да ни биде вратен придонесот што претходно го плативме“, рече Володин во таа пригода.
Според Карпентер, во овој момент е јасно дека Русија нема интерес да ги почитува не само деловните правила туку и ни основните принципи на кои ОБСЕ работи, па затоа организацијата ќе ја заобиколи.
Сите одлуки во ОБСЕ се усвојуваат со консензус, што ѝ овозможува на Москва да блокира која било одлука што е против нејзините интереси. За да се избегне руското вето, организацијата со креативни решенија го избегнува опструкционизмот на Русија.
„Откога Москва стави вето на продолжувањето на теренските мисии на ОБСЕ во Украина уште пред војната, воспоставивме програма за поддршка на Украина, која се финансира преку доброволни придонеси и на која Русија не може да стави вето“, објаснува Карпентер.
Планот е да се работи на хуманитарно деминирање, обезбедување психосоцијална поддршка, ублажување на влијанијата на војната врз животната средина и градење капацитет за одговорност. Но, буџетското прашање на ОБСЕ е само една од пречките што Русија ги става пред организацијата.
„Реалноста е дека Русија ја напаѓа ОБСЕ“, истакна Карпентер и ја обвини Москва дека киднапирала тројца национални претставници на ОБСЕ, кои работеле на специјалната мисија за мониторинг, украла возила на ОБСЕ и ги прекршила сите принципи на Хелсиншкиот договор.
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, повика на суспензија на Русија од организацијата како одговор на војната, но неговото барање остана неодговорено.
Генералниот секретар на организацијата, Хелга Шмид, истакна дека каналите за дискусија мора да останат отворени меѓу страните.
„Еден ден повторно ќе ни требаат средства за разговор. А ОБСЕ е единствената безбедносна организација во која на една маса седат сите фактори за европската безбедносна архитектура“, рече таа.
По инвазијата на Украина во февруари, Москва беше избркана или суспендирана од низа меѓународни организации и форуми, како што се Советот на Европа, Советот за човекови права на ОН, Работната група за финансиска акција против перење пари и од Изборот за песна на Евровизија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

