Европа
Путин: Најдовме остатоци од рачна бомба во телата на загинатите од авионот на Пригожин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека истражителите пронашле остатоци од рачна граната во телата на загинатите во авионот во кој загина основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин.
Ова е прва значајна информација објавена по мистериозната несреќа на авионот на Евгениј Пригожин северно од Москва на крајот на август.
Падот дојде два месеци откако Пригожин и неговите платеници го предводеа неуспешниот бунт против рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на руската армија Антон Герасимов.
Многу аналитичари тврдеа дека токму Путин стои зад падот на авионот на Пригожин, кој сакал да му се одмазди. Кремљ тврдеше дека тоа не е вистина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Итен состанок на министрите за одбрана на ЕУ поради Украина, дознава Блумберг

Франција и Естонија свикаа итен состанок на министрите за одбрана на Европската унија в понеделник, 24 февруари, за да разговараат за начините за зајакнување на воената поддршка за Украина, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори.
Според изворите, на состанокот преку видео-конференција ќе учествуваат десетина министри за одбрана на Европската унија, вклучително и оние од Велика Британија, Германија, Италија и Полска, како и претставници на ЕУ и НАТО.
Како што пренесува Укринформ, Украина се подготвува да организира состанок на лидерите на земјите-партнери во Киев на 24 февруари, на кој ќе се разговара за мирот, безбедносните гаранции и иднината на колективната одбрана. Тој ден во Брисел ќе се одржи и состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ, а војната во Украина ќе биде прва точка на дневниот ред, велат оттаму.
На 24 февруари се одбележува третата годишнина од почетокот на целосната руска инвазија на Украина.
Европа
Путин до руски банкар: Маск ќе и се врати на науката, здружете ги силите со него

Рускиот претседател Владимир Путин му предложи на заменик-извршниот директор на Гаспромбанк да соработува со американскиот мултимилијардер и близок сојузник на Трамп, Илон Маск.
Дмитриј Зауерс му кажа на рускиот претседател за руските батерии што се користат во неврочипови. „Тоа е нашиот одговор на Илон Маск“, изјави банкарот Зауерс.
„Здружете ги силите со Маск. Кога ќе заврши со реформите на административните агенции во САД, ќе се врати во науката. Треба да работите со него. Веќе преговараме за заедничка работа во вселената, можеме да соработуваме и во оваа сфера“, одговори рускиот претседател Владимир Путин.
Гаспромбанк е една од најголемите банки во Русија, основана во 1990 година. Таа е поврзана со енергетскиот гигант Гаспром, најголемиот руски производител на природен гас. Иако првично беше основана како банка за финансиските потреби на Гаспром, денес работи како универзална банка која обезбедува широк спектар на услуги – од корпоративно и инвестициско банкарство до банкарски услуги на мало.
Банката игра клучна улога во финансирањето на енергетскиот сектор на Русија и често е во фокусот на меѓународните санкции, особено по руските геополитички конфликти. И покрај санкциите, Гаспромбанк останува една од најважните финансиски институции во Русија.
Европа
(Фото) Човек прободен со нож кај споменикот на Холокаустот во Берлин: полицијата врши претрес

Маж е тешко повреден во напад со нож во близина на споменикот на Холокаустот во Берлин, јавуваат германските медиуми. Според весникот „Тагесшпигел“, полицијата ја затворила областа и врши претрес.
Gegen 18 Uhr wurde ein Mann von einem Unbekannten im Stelenfeld des Denkmals für die ermordeten Juden Europas in #Mitte schwer verletzt. Der Verletzte kam in ein Krankenhaus. Rettungskräfte betreuen vor Ort mehrere Personen, die das Geschehen mit ansehen mussten. Am Tatort laufen… pic.twitter.com/DNeYLJzgEO
— Polizei Berlin (@polizeiberlin) February 21, 2025
Мажот наводно бил повреден од остар предмет и со противпожарно возило бил пренесен во болница.
„Околу 18:00 часот по локално време, еден маж е тешко повреден од непознато лице“, напишала германската полиција на X, додавајќи дека истрагата е во тек.
„Повредениот е пренесен во болница. Итните служби се на терен и им пружаат помош на неколку лица кои биле сведоци на инцидентот“, додаваат тие.