Европа
„Русија изврши воздушни напади на 800 метри од нашата граница“, изјави претседателот на Романија, Клаус Јоханис

Руските воздушни напади беа извршени вчера на помалку од еден километар од границата на Романија со Украина, изјави романскиот претседател Клаус Јоханис, поради интензивните напади на украинското пристаниште Измаил.
Јоханис зборуваше по еден ден откако Киев рече дека руски беспилотни летала слетале на романска територија, тврдење што Букурешт го негира.
„Имавме напади токму денес, ми рече министерот за одбрана, кои беа потврдени на 800 метри од нашата граница. Многу, многу блиску“, рече Јоханис на заедничката прес-конференција со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.
„Можам да ви кажам никакво парче, никакво беспилотно летало и никаков дел од уред не слета во Романија“, додаде тој.
Украина неколкупати за време на војната извести за сомнително руско оружје, кое прелетало или удирало во соседите, вклучително и членки на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Русија подготвува нова офанзива во Суми и во Харков оваа пролет, сега купува време

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во интервју за „Фигаро“ дека Русија планира две нови големи офанзиви во северна Украина, особено во регионите Суми и Харков, веќе оваа пролет.
Тој предупреди дека додека Москва сѐ повеќе зборува за прекин на огнот, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да купи време за да подготви нов напад.
Европа
Стармер и шефот на НАТО: Америка има клучна улога во постигнувањето на примирјето

Британскиот премиер Кир Стармер утрово во Париз се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, непосредно пред почетокот на состанокот на коалицијата на волните.
Во соопштението од кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер и Руте разговарале за продолжување на поддршката за Украина, согласни дека Европа мора да направи сѐ за да ја одржи Украина силна и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин.
Двајцата истакнаа дека Соединетите Американски Држави играат клучна улога во отворањето на патот за договор за прекин на огнот и ја повторија подготвеноста на Европа да поддржи траен и одржлив мир кога ќе дојде време.
Стармер ја повтори својата непоколеблива посветеност на НАТО како основа на безбедноста.
Европа
(Видео) Објавена снимка од извлекувањето човек од урнатините во Харков по масовниот руски напад

Украинските градови Харков и Днипро синоќа беа цел на голем напад со руски дронови.
Најмалку 12 лица се повредени во Харков, меѓу кои и едно 14-годишно девојче. Тешки удари претрпе и Днипро – повредени се три лица, а оштетени се повеќе од десет станбени згради и една образовна институција.
Денеска беше објавена и снимка од извлекување маж од урнатините во Харков.
Last night, Ukrainian cities, including Kharkiv & Dnipro, came under a massive drone attack. In Kharkiv, at least 12 people were injured, including a 14-year-old girl. Dnipro also suffered heavy strikes, leaving 3 people wounded and causing damage to more than a dozen apartment… pic.twitter.com/71Pcr0quHd
— Гюндуз Мамедов/Gyunduz Mamedov (@MamedovGyunduz) March 27, 2025
Во изминатите 24 часа уште осум лица се повредени во напади на области на регионите Донецк и Херсон.