Европа
Руски извори: Путин е во силна позиција, тешко дека ќе се согласи
Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа вчера велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина ќе мора да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва. Руската инвазија на Украина во 2022 година остави стотици илјади мртви и ранети, раселени милиони луѓе и ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја смени претходната американска политика кон Русија отворајќи билатерални разговори со Москва и суспендирајќи ги воената помош и размената на разузнавачки информации со Украина велејќи дека таа мора да се согласи со условите за завршување на војната.
Соединетите Американски Држави вчера се согласија да продолжат со воената помош и со размената на разузнавачки информации откога Киев соопшти дека е подготвен да го поддржи предлогот за прекин на огнот.
„Малку е веројатно дека ќе се согласат на прекин на огнот во неговата сегашна форма“
Висок руски извор изјави за „Ројтерс“ дека на претседателот Владимир Путин ќе му биде тешко да се согласи со идејата за прекин на огнот, без да се договорат условите и да добијат некакви гаранции. „Тешко е Путин да се согласи со тоа во сегашната форма“, изјави изворот за „Ројтерс“, кој побара да остане анонимен поради чувствителноста на ситуацијата.
„Путин има силна позиција бидејќи Русија напредува“, додаде тој. Изворот рече дека, без гаранции, заедно со прекинот на огнот, позицијата на Русија може бргу да стане послаба, а Западот потоа може да ја обвини Русија за неуспехот да ја заврши војната.
„Изгледа како стапица“
Друг висок руски извор рече дека предлогот за прекин на огнот од перспектива на Москва изгледа како замка бидејќи на Путин би му било тешко да ја запре војната, без конкретни гаранции или ветувања.
Трет руски извор рече дека поголемата слика е дека Соединетите Американски Држави се согласиле да ги продолжат воената помош за Украина и размената на разузнавачки информации и дека го украсиле потегот со предлог за прекин на огнот.
Кремљ сѐ уште не коментирал.
Што рече Путин во декември?
Путин во декември рече: „Не ни треба прекин на огнот, потребен ни е долгорочен мир обезбеден со гаранции за Руската Федерација и нејзините граѓани. Тешкото прашање е како да се обезбедат овие гаранции“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека одлуките за конфликтот во Украина ќе бидат донесени во Москва откога Киев соопшти дека е подготвен да го поддржи предлогот на Вашингтон за 30-дневен прекин на огнот, пренесе ТАСС.
„Формирањето на позицијата на Руската Федерација не се случува во странство поради некои договори или напори на некои страни. Формирањето на позицијата на Руската Федерација се одвива во рамките на Руската Федерација“, рече таа.
„Со Русија ќе биде поинаку“
Влијателен руски пратеник, коментирајќи го предлогот за прекин на огнот за кој преговараа американски и украински претставници, во средата рече дека секој договор ќе биде според условите на Москва, а не на Вашингтон.
„Русија напредува (во Украина) и затоа ќе биде поинаку со Русија“, рече Константин Косачев, претседател на комитетот за меѓународни прашања на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот парламент, во објава на „Телеграм“.
„Секој договор – со сето разбирање за потребата од компромис – под наши услови, не американски. И тоа не е фалење, туку разбирање дека вистински договори сè уште се пишуваат таму, на фронтот. А тоа треба да го разберат и во Вашингтон“, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

