Европа
Руски функционер: Украинците оставија 200 мртви војници за време на панично бегство
Украинската армија остави речиси 200 војници мртви за време на панично повлекување од нивните позиции во близина на Донецк, изјави Јан Гагин, советник на лидерот на Донецката Народна Република (ДНР).
„Напуштените украински позиции во близина на Донецк се полни со огромен број тела на украински војници што ги оставиле зад себе. Непријателот не се ни обидел да ги евакуира додека бегале од таа област. Досега изброивме околу двесте (загинати украински војници)“, рече Гагин во интервју за руската државна новинска агенција „Тасс“.
Тој додаде дека руските сили сега ги евакуираат телата на загинатите украински војници. Гагин претходно овој месец рече дека бројот на украински војници закопани во ровови на првите одбранбени линии во близина на Донецк се намалил за најмалку трипати поради нивното бегство.
Инаку, руската армија со недели силно го напаѓа Авдиивка, град во источна Украина недалеку од Донецк. Институтот за проучување на војната пред неколку дена објави дека Русите постигнале одреден напредок. Шефот на воената управа на Авдиивка, Виталиј Барабаш, потврди дека борбите стануваат сѐ пожестоки и дека Русите напаѓаат од повеќе правци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русија почна со вежби со тактичко нуклеарно оружје, објавена снимка
Руските сили ја почнаа првата фаза од вежбите, кои вклучуваат „рачна обука за подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува „Њузвик“.
Во соопштението се вели дека вежбите вклучуваат хиперсонични ракети „Кинжал“ опремени со специјални бојни глави.
Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин се одлучи на овој потег велејќи дека тоа е одговор на милитантните изјави на западните претставници.
Руското Министерство за одбрана (МО) во порака објавена на руската платформа за социјални мрежи „ВКонтакте“ (ВК) објави дека персоналот на Јужниот воен округ почнал со обука и извршување борбени задачи со специјална муниција за ракетните системи „Искандер“. Беше објавена и првата снимка.
🚨 🇷🇺BREAKING: RUSSIA BEGINS NUCLEAR WEAPONS DRILLS
Russian forces have launched the first phase of high-stakes non-strategic nuclear weapons drills in the Southern Military District.
Exercises include:
– Obtaining and equipping Iskander missiles with special ammunition and… pic.twitter.com/yHRpR2P9BJ
— Mario Nawfal (@MarioNawfal) May 21, 2024
Вежбите се одржуваат во Јужниот воен округ на Русија по должината на украинската граница и делови од Украина под контрола на Русија. Белорусија, каде што Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.
Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да уништи цели непријателски градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.
Европа
Норвешка ја призна палестинската држава
Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека скандинавската земја донела одлука официјално да ја признае Палестина како држава.
Одлуката стапува на сила на 28 мај, објави АП.
„Не може да има мир на Блискиот Исток доколку не дојде до признавање“, рече норвешкиот премиер, додавајќи дека „Палестина има основно право на независна држава“.
Неколку земји од Европската унија во последните недели дадоа индикации дека планираат да ја признаат Палестина, бидејќи сметаат дека решението со две држави е клучно за траен мир во тој регион.
Норвешка, која не е членка на Европската унија, но најмногу ги следи одлуките на Брисел, долго време го поддржува решението со две држави, Израел и Палестина.
Европа
ЕУ: Веќе нема ризик од кршење на владеењето на правото во Полска
Европската комисија денеска објави дека планира да ја затвори постапката против Полска до крајот на мај, бидејќи веќе не постои ризик од сериозно кршење на владеењето на правото.
Потпретседателката на Комисијата за вредности и транспарентност, Вера Јоурова, изјави дека полските власти покажале решителност да ги исправат неправилностите во областа на правдата, дека признале дека има проблем во таа област, дека се подготвени да го елиминираат, дека европското законодавство има приоритет пред националното законодавство и дека се обврзале дека ќе ги спроведуваат одлуките на Судот на правдата на Европската унија и Европскиот суд за човекови права поврзани со владеењето на правото, вклучително и независноста на судството.
„Мислам дека во случајот со Полска веќе нема очигледен ризик од сериозно кршење на владеењето на правото“, рече Јоурова и најави дека по дискусијата на состанокот на министрите за европски прашања во вторник овој месец, ќе предложи до Комисијата да ја затвори постапката.
Таа додаде дека приговор на ваквата оценка има само унгарскиот министер за правда Јанош Бока, кој обвинува дека Комисијата во овој случај се води од политички причини, а не од реални промени во полското правосудство.
Во текот на осумте години на власт, претходната полска влада предводена од националистичката партија Право и Правда спроведе низа реформи во судството, со што се доведе во прашање поделбата на власта и независноста на судството, како и слободата на медиумите. Поради ова, Полска беше блокирана од милијарди евра кои и беа наменети во европскиот буџет.
Новата полска влада предводена од премиерот Доналд Туск, која ја презеде функцијата во декември минатата година, најави дека ќе обезбеди повторно воспоставување на независноста на судството и ќе го поништи она што претходната влада го направи во таа област.
Слична постапка се води и против Унгарија, чија влада со години е во конфликт со европските институции и другите членки на ЕУ за почитување на владеењето на правото во таа земја.