Европа
СЗО: Растот на случаите на сипаници е алармантен во Европа

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година имало алармантно зголемување на случаите на сипаници во Европа, каде што биле забележани триесет пати повеќе од претходната година, јавува Би-би-си.
Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни итни мерки за да се спречи ширењето.
Повеќе од 30.000 луѓе биле заразени во 2023 година, во споредба со 941 во цела 2022 година. СЗО верува дека причината е што помалку деца биле вакцинирани против болеста за време на пандемијата на Ковид.
„Видовме, во регионот, не само триесеткратно зголемување на случаите на сипаници, туку и речиси 21.000 хоспитализирани и пет смртни случаи поврзани со сипаници. Ова е загрижувачко“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс Клуге.
„Вакцинирањето е единствениот начин да се заштитат децата од оваа потенцијално опасна болест“, нагласи Клуге.
Малите сипаници можат да бидат сериозна болест на која било возраст. Од сите земји во европскиот регион е побарано да детектираат сипаници и брзо да реагираат на нејзиното ширење, давајќи им ја вакцината на повеќе луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Шпионирала за Киев, планирала да труе војници“: Русите уапсија готвачка на Крим

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила 45-годишна Русинка, главен готвач во ресторан во Севастопол, на Крим, под сомнение за шпионажа за Украина и план за труење руски војници, објави „Киев пост“.
Неименуваната жена, која е во притвор, е обвинета дека работела за Главната дирекција за разузнавање на Украина (ХУР) во последните две години. ФСБ тврди дека таа ги понудила своите услуги на украинската разузнавачка служба уште во септември 2023 година.
Таа наводно користела „Воцап“ за да споделува информации со своите врски за локациите и за рутите на рускиот воен персонал и опрема во Севастопол, поранешното главно пристаниште на руската Црноморска флота. ФСБ конкретно тврди дека таа фотографирала бродови на Црноморската флота стационирани во Севастополскиот Залив, кои подоцна биле користени од украинските вооружени сили за планирање ракетни напади.
Таа е обвинета и за план за труење припадници на руските специјални сили, кои го посетувале ресторанот во кој работела.
Кримскиот одред на ФСБ соопшти дека жената е обвинета за велепредавство според член 275 од Рускиот кривичен законик додавајќи дека истрагата за нејзините криминални активности е во тек. Во соопштението за медиумите на ФСБ се наведува дека ова е уште еден пример за тоа како „украинските специјални служби ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација и предизвикуваат економска штета на државата со активно регрутирање сторители на саботажи и терористички напади“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина со дронови уништи руски системи вредни милиони

Украинските сили уништија два моќни руски повеќекратни ракетни системи TOS-1A Solntsepyok во регионот Харков, а нападот е извршен од прецизни FPV-дронови, извести 429. посебен полк за дронови, „Ахил“, објави „Киев пост“.
Полкот исто така објави видео на „Јутјуб“ во понеделникот, на кое се прикажани напади со дронови од прво лице (FPV) врз лансери во секторот Купјанск.
Видеото прикажува два одделни напада – еден врз стационарен Солнтсепјок, а другиот врз подвижен систем од ист тип, веројатно додека руските сили се обидувале да избегаат.
Цената на системот, во зависност од конфигурацијата, се проценува помеѓу 6,5 и 15 милиони долари.
„Киев пост“ не беше во можност независно да ја потврди автентичноста на снимката.
Европа
„Тајмс“: Овие 13 Руси стојат зад масакрот во Буча

Помалку од една недела откогаРусија ја почна својата тотална инвазија во 2022 година, руските оклопни сили влегоа во Буча, мал град на 24 километри северозападно од украинската престолнина. Само 33 дена подоцна, последните окупаторски сили беа принудени да го напуштат градот.
Украинските сили што го ослободија градот беа пречекани со сцени на ужас – телата на мажи, жени и деца, многу од нив мачени или осакатени, лежеа на улиците, во подрумите и во уништените куќи. Во деновите што следуваа масовните гробници, коморите за мачење и местата за егзекуција сведочеа за ужасите што руските сили им ги нанесоа на украинските цивили.
I was one of those who saw Bucha after it was liberated from Russia.
I organized for Western and global media to visit Bucha right away. Thanks to these journalists, the world found out the truth about Russia’s war crimes – no matter how hard Russia tried to deny it afterwards.… https://t.co/3uhqY9EAQa pic.twitter.com/kYebME2eCT
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 23, 2024
Идентификувани 13 руски офицери и генерали
Во саботата британските „Тајмс“ и „Сандеј тајмс“ објавија дека, по истрагата што ја испитувала работата на независни адвокати и истражители, како и разузнавачките информации од отворен извор и сведочењата од украинските полициски агенции, тие идентификувале 13 руски офицери и генерали што учествувале во или индиректно олесниле безброј воени злосторства за време на окупацијата.
Во извештајот се вели дека покрај именуваните високи офицери, повеќе од 80 други руски офицери, подофицери и војници се идентификувани како директно вклучени во убиствата на цивили во Буча. Многу други, за кои се верува дека учествувале во злосторствата, сè уште се непознати.
Касапот од Буча и специјализираната единица за воени злосторства
Акциите одобрени од командантите идентификувани од „Сандеј тајмс“, од кои некои претходно беа именувани од други медиуми, се одговорни за некои од најстрашните воени злосторства извршени во име на таканаречените специјални воени операции на претседателот Владимир Путин.
Меѓу именуваните се:
- Генерал Александар Хајко, тогашен командант на Источниот воен округ на почетокот на војната;
- Генерал-потполковник Сергеј Чубарикин, командант на 76. гардиска воздушно-десантна дивизија – единицата одговорна за многу воени злосторства во Буча;
- Артем Городилов, командант на 234. полк – познат по својата лична вмешаност во грабежи, силувања и убиства;
- Полковник Азатбек Омурбеков, командант на 64. Одделна гардиска моторизирана пешадиска бригада – со прекар Касапот од Буча, според американскиот Стејт департмент, тој имал директна одговорност за убиствата, силувањата и за тортурата;
- Николај Соколиков, 5. гардиска тенковска бригада, осуден во отсуство на доживотен затвор за убивање цивили;
- Полковник Андреј Кондров, командант на 5. гардиска тенковска бригада, ги издал наредбите што доведоа до злосторствата;
- Генерал Александар Санчик, командант на 35. комбинирана вооружена армија, подоцна санкциониран за наредување ракетни напади врз украински градови;
- Генерал Валериј Солодчук, тогашен командант на 36. армија, подоцна одговорен за наредбата за ракетен напад врз хипермаркетот во Харков во јануари 2025 година;
- Јуриј Медведев, командант на 37. гардиска моторизирана пешадиска бригада, која претрпе големи загуби и самиот беше смртно повреден кога беше прегазен од еден од неговите војници;
- Полковник Денис Суворов;
- Алексеј Толмачев;
- Генерал Владимир Селиверстов;
- Генерал Вадим Панков;
- Сергеј Карасјев.
Lavrov turned 75 on Friday.
I sincerely wish him long years and good health so he may live until he is sentenced in court for his war crimes and warmongering.
What would you wish Lavrov?
📹: Lie-vrov’s lies about Bucha and the truth about Bucha. pic.twitter.com/ubTb19ZoZ6
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 24, 2025
Москва негира одговорност
И покрај сведоштвата од локалното население, украинските ослободителни сили, новинарите и истражувањата од организациите за човекови права за извршените злосторства, кои се категоризирани како етничко чистење и злосторства против човештвото, Москва постојано ја негира одговорноста.
Како што тврди Москва, ова е „исценирана провокација од страна на украинските (или британските) служби“ и „исценирано воено злосторство“ со цел да се оцрни угледот на руската војска и да се нарушат мировните преговори меѓу Русија и Украина, што се одржаа во Истанбул во 2022 година.
фото: принтскрин