Европа
Трговците во Германија: Божикната сезона е катастрофална

Трговците на мало во Германија повторно се разочарани од клучната божикна потрошувачка сезона, објави Здружението на трговците во земјата.
„Божикната сезона беше катастрофа за трговците втора година по ред“, рече Стефан Гент, генерален секретар на Германското здружение на трговци на мало (ХДЕ), мислејќи на анкетата спроведена од страна на Здружението меѓу деловните лидери на 750 компании.
„Многу малопродажни компании веќе немаат никакви илузии и стравуваат за опстанок“, додаде Гент.
Божикниот бизнис почнал добро во ноември, но потоа беа воведени регулативи, кои бараа клиентите во многу продавници да влезат со сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19. Тие ограничувања довеле до пад на приходите и на бројот на клиенти во продавниците.
Според претставниците на клучниот сектор на германската економија, повеќе од три четвртини од трговците на мало, кои не се прехранбени производи, се незадоволни од божикниот промет, кој минатата недела бил 35 отсто помал отколку во периодот пред кризата, покажа истражувањето на ХДЕ.
Состојбата е особено лоша во центрите на градовите, велат оттаму, каде што прометот е намален 36 отсто од нивото пред кризата, а бројот на клиенти е намален 42 отсто.
Со оглед на ваквите резултати од истражувањето, ХДЕ повторно ги повика властите да им помогнат на компаниите шѕо имаат потреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: 30-дневниот прекин на огнот мора да започне в понеделник, Песков постави услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција изјави дека тој и лидерите на европските земји се согласиле дека „безусловното примирје мора да започне в понеделник, 12 мај“.
Тој додаде дека прекинот на огнот треба да го опфати воздушниот, морскиот и копнениот простор и рече дека доколку Москва одбие, ќе следат нови санкции, вклучително и зголемени казнени мерки насочени кон нејзините енергетски и банкарски сектори, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот изјави дека Русија ја поддржува имплементацијата на 30-дневниот прекин на огнот, но со почитување на одредени „нијанси“. Во изјава за Еј-би-си емитувана во саботата, Песков нагласи дека западната воена помош за Украина ќе мора да престане за да биде можно привремено прекин на огнот.
„Инаку, тоа би било предност за Украина“, рече тој.
Европа
Кремљ: Заканата од нови санкции е „губење време“

Кремљ соопшти дека не е загрижен од најавата за нови санкции против Русија, што ја изнесе британскиот премиер Сер Кир Стармер.
„Веќе сме навикнати на санкции, веќе можеме да предвидиме што ќе правиме откако ќе бидат воведени, како ќе ги ублажиме нивните последици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според руските државни медиуми.
Песков додаде дека заканата од нови ограничувања е „губење време“ бидејќи тие не можат да ја заплашат Русија. Даунинг стрит во петокот објави дека го подготвува „најголемиот пакет санкции досега“ против руската „флота во сенка“, која транспортира нафта од Кремљ низ целиот свет.
Европа
Стармер: Велика Британија и Трамп ќе ја зголемат воената помош за Украина ако Путин го отфрли прекинот на огнот

Британскиот премиер Кир Стармер изјави во саботата дека постои „апсолутно единство“ меѓу сојузниците на Киев околу предлогот за 30-дневен прекин на огнот со Русија.
„Достигнавме точка на целосен договор во голем број земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, дека мора да има безусловно 30-дневно примирје“, рече Стармер на прес-конференција во Киев.
„Велика Британија и Трамп ќе ја зголемат воената помош за Украина ако Путин одбие прекин на огнот“, додаде тој.
„Сите ние овде, заедно со Соединетите Американски Држави, го критикуваме Путин“, рече тој.
Стармер додаде дека ако рускиот лидер е „навистина сериозен во врска со мирот“, сега има „можност да го покаже тоа“ со продолжување на примирјето од Денот на победата на 30-дневен безусловно примирје, по што би следеле преговори. „Без ако, без но“, заклучи Стармер.