Контакт

Европа

Украинските војници го сменија името на областа Курск

Објавено пред

Украинските војници биле снимени како го менуваат името на плочата во руската област Курск во Сумска област, прекугранична украинска провинција.

dobivaj vesti na viber

Европа

„Политико“: Брисел ги доведува во прашање намерите на Стармер да ги ресетира односите со ЕУ

Објавено пред

Европските претставници ги доведуваат во прашање тврдењата на британскиот премиер Кир Стармер дека новата влада има намера да ги ресетира односите со Брисел откога Британија одби да ги прифати клучните предлози на ЕУ, изјавија неименувани европски претставници за „Политико“.

dobivaj vesti na viber

Посебна загриженост во Брисел беше одбивањето на Стармер да ѝ дозволи на Британија повторно да ѝ се приклучи на програмата за размена на студенти „Еразмус“ и да воспостави шема за лесна мобилност на младите луѓе, рекоа официјалните лица.

„Конструктивната реторика е многу убава, но сѐ додека ништо суштински не се промени во позицијата на Обединетото Кралство, не гледам како ќе се промени ова статус кво“, изјави еден дипломат.

Брисел и претходно беше свесен дека целта на Стармер не е Британија да има блиски односи со ЕУ, како Норвешка или Исланд, и дека нема да има единствен пазар, царинска унија или слободно движење, пишува „Политико“.

Како што се наведува, идеите на Лондон и Брисел за блиски односи значително се разликуваат бидејќи Стармер еднаш ја спореди шемата за младинска мобилност со слободата на движење, на што тој силно се противи.

Од другата страна, пак, постои загриженост дека премиерот не забележал дека Европската Унија има свои приоритети.

Недамнешните патувања на Стармер во европските метрополи ја зголемија загриженоста во Брисел дека Лондон можеби се обидува да најде начини да ја заобиколи Европската комисија со директно одење во националните метрополи.

Прикажи повеќе...

Европа

Мостот што го поврзува Покровск со Мирноград е уништен во руското гранатирање

Објавено пред

Во денешното руско гранатирање на Покровск уништен е мостот „Дмитровски“, кој го поврзуваше тој град со Мирноград, објави украинскиот портал Strana.ua.

dobivaj vesti na viber

Видеа од уништувањето беа објавени од локалните канали на „Телеграм“.

Прекинато е и водоснабдувањето на Покровск, поради гранатирањето, прекина е работата на модуларната филтер-станица“, соопштија од регионалната воена управа на Донецк.

Според руските медиуми, руските сили претходно го користеле овој мост за да ги нарушат железничката логистика и комуникациите меѓу Покровск и Мирноград.

Прикажи повеќе...

Европа

Страшно предупредување за Чешка: подготвени за евакуација, се повторува ли сценариото од 1997 и 2002 година?

Објавено пред

Чешка се подготвува за екстремни врнежи и поплави за кои метеоролозите во средата издадоа највисоко ниво на предупредување за следните четири дена, особено на истокот на земјата.

dobivaj vesti na viber

Според министерот за животна средина, Петр Хладик, се заканува ситуација слична на онаа од 1997 и 2002 година кога Чешка беше погодена од големи поплави.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракусан ги советуваше луѓето да подготват куфер за евакуација. Ова го соопштија во средата на заедничка прес-конференција, пренесува ТАСР во Прага.

„За жал, ситуацијата што нѐ очекува во следните четири до пет дена е многу слична на онаа за време на големите поплави во 1997 и 2002 година“, рече Хладик.

Тој додаде дека ситуацијата ќе биде отежната не само поради големите врнежи туку и поради силниот ветер. Според него, в петок може да достигне брзина и до 100 km/h.

Според Хладик, не се загрозени само областите што се поплавуваат, туку поради заситеноста на земјиштето и шумите со вода, поројни поплави може да има на места на кои не се очекуваат.

„Доколку не се манифестира со полн интензитет, ние само ќе бидеме среќни, но сакаме да бидеме подготвени и сакаме да дадеме навремени информации за тоа што може да ја очекува територијата на Чешка“, објасни Хладик.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

Есенската кошничка со 100 производи ќе биде готова утре, Дурмиши најави и зимска, велигденска и рамазанска кошничка

Есенската кошничка со замрзнати цени или ограничени маржи на 100 основни прехранбени производи ќе биде стокмена утре. Министерот за економија...

Македонија4 часа

Мицкоски ќе пресметува колку пари се потрошени во историската комисија: „Ќе дојде ОБСЕ, ама ќе дојдат и истражители и инспекции“

Првиот човек на Владата, Христијан Мицкоски, соопшти дека се потрошени стотици илјади евра народни пари за историската комисија со Бугарија....

Македонија5 часа

На Богородица спречен обид за шверц на цигари, македонски државјанин се обидел да избегне плаќање давачки од 113 илјади денари

Спречен шверц на 72 штеки цигари што македонски државјанин, без да ги пријави, сакал да ги внесе во Македонија преку...

Македонија5 часа

(Видео) Филипче: Законот за бранители излегува во пресрет на потребите на луѓето, нема етничка димензија

Законот за бранители излегува во пресрет на реалните потреби на преживеаните бранители, на тие со инвалидитет и на семејствата кои...

Македонија6 часа

Мицкоски: СДСМ е мајстор за тензии, бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка

Заканите дека ќе го блокираат законот за бранителите и ќе бараат тој да се носи во пакет со решение за...

Топ8 часа

Приведен 22-годишник за обидот за убиство во Арачиново

СВР Скопје го расчисти обидот за убиство во Арачиново, што се случи на крајот на минатиот месец. Тогаш со огнено оружје...

Македонија8 часа

„Влен“ за законот за бранителите: Нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби

Нема да дозволиме Собранието да стане арена на манипулации и поделби. Законите што имаат цел да го поделат албанскиот народ...

Македонија9 часа

Историската комисија со Бугарија беше злоупотребена за партиски цели и интереси во двете земји, велат поранешните членови

Поранешни членови на македонскиот тим во комисијата за историски прашања помеѓу Македонија и Бугарија, до медиумите испратија став поради, како...

Македонија1 ден

Филипче: Мицкоски едно нуди, сосема спротивно прави, не се чесни неговите намери

„Се што понуди премиерот пред два дена е дијаметрално спротивно на политиките кои ги води, се залага за департизација, а...

Македонија1 ден

Деветте нови лека што ќе бидат на товар на Фондот од понеделник ќе бидат достапни во аптеките

Од понеделни, 16 септември, во аптеките ќе може да се набават деветте нови лека на позитивната листа. Информацијата ја сподели...

Македонија1 ден

Јаневска на вишокот наставници ќе им понуди вработување во Бирото за развој на образованието и други просветни институции

На наставниците што ќе бидат вишок по спојувањето на учениците во паралелки од дваесет ученици, наместо како досега во паралелки...

Македонија1 ден

МВР за скандалот со Африм Гаши на Блаце: Покрената е дисциплинска постапка за шест полицајци

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР го расчисти случајот од 17 август на граничниот премин...

Македонија1 ден

Спасовски ги осуди приведувањата во Врапчиште: Не смееме да си играме со правото на вероисповед

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник во Собранието, Оливер Спасовски го осуди приведувањето на две лица кои вчера...

Топ1 ден

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, ова е дел од фолклорот за сеење етничка и верска нетрпеливост

Јас цело време предупредувам дека не треба да се игра на етничка и верска карта, бидејќи тоа е картата на...

Економија1 ден

Мицкоски најави три нови странски инвестиции

Повеќе од 1.500 до 1.600 нови вработувања се во процес, четири нови инвестиции во изминатите два и пол месеца веќе...

Топ1 ден

30-дневен притвор за жената што се обиде да ја убие својата мајка во Кавадарци: ја удрила со чекан по главата додека спиела

Поради основано сомнение дека сторила кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член...

Свет1 ден

(Видео) 141 загинат по тајфунот во Виетнам, Црвена Река расте, жителите на Ханој се во страв

Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 141, соопшти денеска владата предупредувајќи дека обилните врнежи предизвикуваат...

Свет1 ден

Трамп: Мојата најдобра дебата досега, Харис сака втора бидејќи беше убедливо поразена

Републиканскиот кандидат за американски претседател Доналд Трамп излезе пред новинарите по завршувањето на дебатата. Тој се пожали дека модераторите биле...

Свет1 ден

(Видео) Израелците објавија снимка од тунелот во кој Хамас ги уби заложниците

Војската на Израел објави снимка од внатрешноста на тунелот во Газа каде шест заложници беа држени во ужасни услови откако...

Свет1 ден

(Видео) Харис го испровоцира Трамп, тој одби да одговори на прашањето дали сака Украина да победи

Демократската потпретседателка Камала Харис го стави републиканецот Доналд Трамп во дефанзива во синоќешната борбена телевизиска дебата со серија напади на...