Европа
Шефот на дипломатијата на ЕУ: Русија не би можела да и го прави ова на Украина без помош од Иран, Кина и Северна Кореја
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, вчера изрази загриженост поради извештаите дека Кина, Иран и Северна Кореја и помагаат на Русија во војната против Украина.
„Русија не би можела да ги поддржува своите воени напори без помошта на Иран, Кина и Северна Кореја“, рече Борел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Портпаролот на Кремљ: Употребата на ненуклеарни ракети може да доведе до нуклеарен одговор
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков предупреди дека употребата на западни ненуклеарни ракети од страна на украинските вооружени сили против Руската Федерација според новата нуклеарна доктрина може да доведе до нуклеарен одговор.
Говорејќи на редовниот дневен брифинг со новинарите, Песков изјави дека новата нуклеарна доктрина треба да стане предмет на длабока анализа дома и во странство. Тој нагласи дека Руската Федерација смета дека употребата на нуклеарно оружје е екстремна мерка, но дека доктрината треба да се ажурира за да се усогласи документот со актуелната политичка ситуација.
Песков истакна дека „специјалната операција“ во Украина се спроведува во контекст на војната што Западот ја започна против Руската Федерација и дека руската војска внимателно ги следи извештаите за плановите за употреба на американски ракети со долг дострел во регионот Курск во Русија.
Европа
Путин ја потпиша новата нуклеарна доктрина
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша ажурирана верзија на нуклеарната доктрина на земјата.
Основниот принцип на доктрината е дека употребата на нуклеарно оружје е последната мерка за заштита на суверенитетот на земјата. Наведени се предусловите за употреба на нуклеарно оружје. Поточно, изменетата доктрина го проширува опсегот на земји и воени сојузи кои се предмет на нуклеарно одвраќање, како и списокот на воени закани на кои треба да се спротивстави.
Дополнително, во документот се наведува дека Русија сега како заеднички напад ќе го смета секој напад од ненуклеарна земја, поддржана од нуклеарна сила. Москва, исто така, го задржува правото да размисли за нуклеарен одговор на напад со конвенционално оружје што го загрозува нејзиниот суверенитет.
Претходната верзија на руската нуклеарна доктрина беше одобрена во јуни 2020 година и замени сличен документ што беше во сила десет години.
Европа
Поранешен советник на Путин: Воените сили на САД и Велика Британија се легитимни цели за Русите
Поранешниот советник на Путин, Сергеј Марков изјави дека САД директно се вклучиле во војната со тоа што дозволиле истрелување ракети со долг дострел на руска територија.
„Џо Бајден сака да ги блокира обидите на Доналд Трамп да склучи мировен договор кога ќе биде инаугуриран за претседател“, изјави Марков за Скај Њуз.
Тој додаде дека ако Украина ги употреби британските ракети со долг дострел, познати како Storm Shadow, против Русија со учество на британски офицери, цел ќе стане и британската војска, но и американската.
„Ако САД и Велика Британија сега директно учествуваат во војната против Русија, тоа значи дека армиите на САД и Велика Британија стануваат легитимни цели на руската армија“, рече тој.