Контакт

Европа

Пронајдена една црна кутија од рускиот Ту-154

Објавено пред

Една црна кутија од рускиот воен авион што се урна во неделата во Црно море е пронајдена, објави во вторник агенцијата ТАСС.

Кутијата која содржи важни податоци за откривање на причините за несреќата, ќе биде испратена на анализа во Москва.

Истражителите претходно рекоа дека грешка на пилотот или технички проблем се најверојатни причини за падот на Тупољев 154.

Во авионот се наоѓаа 84 патници и осум членови на екипажот. Меѓу патниците имаше девет новинари, како и хорот и членовите на танцувачката група на руската војска кои требаше да ги забавуваат руските војници за време на новогодишните празници во базата во Сирија.

Паднатиот авион бил произведен 1983 година. Делови од леталото се пронајдени во Црното море на длабочина од 50 метри, на околу 1,5 километри од брегот.

Досега се пронајдени 11 тела на загинатите и е покрената опсежна воздушна и поморска потрага на Црното море во која се вклучени околу 3.500 луѓе.

Несреќата што се случи во близина на Сочи никој не ја преживеа. /крај/хн/ст

Европа

Италија сака да ги ослободи туристите од ЕУ од задолжителниот карантин

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Мајо сака месецов да овозможи патување во земјата без задолжителен карантин за туристите. Ова е дел од заложбата да се поттикне туризмот во оваа земја кој трпи голема штета за време на пандемијата.

Патувањето во Италија би требало да биде потполно олеснето за оние кои се вакцинирани против Ковид-19.

Ди Мајо рекол дека во соработка со министерот за здравство разговараат за можноста да нема повеќе карантин за граѓаните на Европска унија и патниците од Израел кои имаат негативен тест на вирусот, оние кои се вакцинирани и тие кои ја прележале болеста.

Патниците кои доаѓаат во Италија, во моментов мораат да се тестираат непосредно пред патувањето, да поминат петдневен карантин и потоа повтрно да се тестираат.

Прикажи повеќе...

Европа

Во дворецот на Дракула поставен пункт за вакцинација против коронавирус

Објавено пред

Во романската туристичка атракција во Трансилванија е организиран пункт за вакцинација од Ковид-19.

Докторите и медицинските сестри на својата заштитна опрема носат налепници со вампирски заби, и бесплатно на посетителите им нудат вакцини на „Фајзер“.

Медицинските лица на шега им велат на посетителите на дворецот дека од таму ќе излезат со белег на раката а не на вратот.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон ги обвини Вашингтон и Лондон за блокирање на извозот на вакцини

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги обвини Велика Британија и САД за блокирање на извозот на вакцини против коронавирус, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Макрон вели дека е подготвен да го разгледа повикот на американскиот претседател, Џо Бајден, производителите на вакцини за коронавирус да се одречат од патентните права, но истакна дека во глобалната борба против коронавирусот многу е поважно Вашингтон да ја укине забраната за извоз на вакцини.

„Денес, Англосаксонците блокираат многу состојки и вакцини, а 100 проценти од дозите произведени во САД се наменети за нивниот пазар“, нагласи Макрон, истакнувајќи дека ЕУ се бори вакцините да бидат јавно добро.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет1 час

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион3 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ3 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија3 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија4 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија4 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет5 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија6 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет7 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет18 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион19 часа

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт21 час

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ23 часа

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија1 ден

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија1 ден

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Досие