Свет
ХААРП-системот го предизвикал земјотресот во Турција?; Турските експерти: Таквите тврдења се „најголемата глупост“

Разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој утринава во 4.17 часот по локално време ја погоди Турција, однесе над 600 животи во таа земја и соседна Сирија.
Додека спасувачите поминуваат часови извлекувајќи тела од урнатините и барајќи преживеани, постојат и такви што се впуштаат во теории на заговор и тврдат дека ХААРП-системот го предизвикал земјотресот, пренесуваат медиумите во регионот.
Турски експерти за локалните медиуми изјавија дека таквите тврдења се „најголемата глупост што некогаш ја слушнале во своите животи“.
„Такво нешто е невозможно и нема научни објаснувања за тоа што го тврдат“, изјави Ахмет Ерџан, геофизичар од факултетот на ИТУ.
Земјотресот погоди 10 провинции, а беше почувствуван и во Анкара и други турски градови. По тој разорен земјотрес, следуваа 40 со јачина до 6,6 степени според Рихтеровата скала.
Во земјотресот беа уништени и урнати илјадници згради, а земјотресот беше почувствуван и во Дамаск, како и во Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“, денес е главен осомничен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк.
По успешното завршување на средно образование во 2021 година, Робинсон добил четиригодишна стипендија и бил сметан за примерен студент. Но, по само еден семестар ја напуштил академијата и подоцна се запишал на „Дикси Техникал Колеџ“ како електричар-приправник.
Истрагата за убиството открила пушка со чаури на кои биле гравирани пораки – од антифашистички слогани и стихови од „Бела чао“ до интернет мемиња. Семејството признало дека во последно време станал политички поактивен и отворено критичен кон Кирк.
Пријателите и соседите сепак го опишуваат како тивок, повлечен и голем љубител на видео игри, без претходни проблеми со законот. Робинсон бил уапсен откако неговиот татко го препознал на фотографиите објавени од полицијата и го убедил да се предаде.
Свет
Орбан до Западот: Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја веќе три и пол години ја плаќа цената на војната во Украина, и покрај тоа што, како што рече, „тоа не е нашa војна“.
Тој нагласи дека западните лидери се обидуваат уште подлабоко да ја вклучат Унгарија во конфликтот, но дека Будимпешта ќе продолжи да се спротивставува.
„Ќе го браниме нашиот народ, нашата слобода и ќе тежнееме кон мир,“ порача Орбан преку платформата Икс.
Тој додаде дека Европската унија е создадена да им служи на суверените нации, а не да владее со нив. „Брисел не ја контролира Унгарија. Не примаме наредби од неизбрани бирократи, одговараме само пред нашиот народ. Време е работите да се исправат,“ изјави Орбан.
Свет
Се откачи жичница во Русија, повеќе од 30 евакуирани, има загинати

На планината Елбрус, во руската република Кабардино-Балкарија, се случи несреќа со жичница при што загинаа три лица, а повеќе од 30 беа евакуирани, соопштија локалните власти.
Според првичните информации, загинале жител на Кабардино-Балкарија, жена од Дагестан и маж од Москва. Несреќата настанала кога сајлата излетала од валјак на еден од носачите.
Во моментот на инцидентот, на жичарата имало 37 луѓе, од кои 35 биле успешно евакуирани.